Тоа се обични чорапи со принт по желба што сакаш да има или да пишува. А мене ќе ми донесат среќа и позитивност СЕ НАДЕВАМ... Think positive
. Матичен гинеколог , ме водеа болнички на оддел гинекологија во болница, но не лежев таму и не платив ништо , така ме посоветуваа и јас не знаев дека можело така, затоа ти велам да се распрашате кај матичниот гинеколог може ке ви даде совет .
Мене на пример по не би ми одговарала оваа опција бидејќи болницата ми е далеку за такси наваму-натаму ќе треба само 200ден да дадам ако одам секој ден да ме боцкаат. Или да врзам некој да ме носи со колата наша ама и тоа е трошок не е на вода колата
Може ќе ми се смеете ама ај ќе ви кажам Дали сте слушнаале за фенг шуи? Ние имавме две неиспешни инвитра и спална во која лежев цело време целосна спротивност од фенг шуи уредување. Пред третото целосно ја реновиравме спалната по овој метод и имавме успех. Е сега може не е до тоа ама кога ми рече докторот јас мислев дека кај вас нема да успее бидејќи ништо не сменивме од вториот пат јас се запрепастив. Ако сака некој да знае кои се работи што ги применивме во спалната во уредувањето нека ми пише лп да не ја полниме темата со оффтопици
Здраво девојки, ме немаше некое време да пишам бидејќи немаше никакви новости и случувања кај нас, но редовно ве читам и од срце на сите ви посакувам да ви се исполни најголемата желба, како што си посакувам и себе си, да излеземе сите како победници во оваа битка што неуморно секојдневно ја водиме Ние денес ги комплетиравме и ги поднесовме документите во Фондот, ми рекоа дека два пати месечно се формирала комисијата што ги разгледувала па со Господ напред, се надеваме на позитивен одговор. Мислам дека една голема тежина ми се симна од грбот... сега ни останува да чекаме Ве гушкам
Јас лично имам обичај да отворам прво Групер да видам што има во понудите за специјалистички прегледи, можеби некому ќе звучам смешно, и ни најмалку не ми е цел да рекламирам што и да е, но ние првиот спермограм го правевме во Њуборн, за 1000 ден добивме преглед со 3д ехо на матка и јајници за мене и целосен спермограм со дијагноза за сопругот, па зошто да и не се искористи тоа?! А и второ мислење е добредојдено.
New born seuste se takvi jas seuste sum vo kontakt so Dr trajkovski oti mi se iskompiciraa nekoi rab od carskiot rez
Ме разнежни, ама и натажи.. Колку убав ,,момент,, со која надеш, причина си ги нарачала можам да си замислам, те замислив како ги облекуваш и цврсто веруваш дека тоа е твојата амајлија.. Од се срце ти посакувам во најскоро време да се фалиш со висока бета, од срце ќе чекам да пишеш дека мешето ти е полно
Ти благодарам мила за секој збор... Причината е голема а надешта уште поголема... Го молам бога да ни помогне да успеме сите во оваа борба и сите да се радуваме и да имаме полни мешиња..
Девојки бев денес на контрола... и се супер си растат фоликулите ОсВеН 1полип се појави да ги расипе сите планови пак понеделник на контрола и можно е да се замрзнат па да се одложи трансферот...
Те молам да внимаваш со клексанот,затоа што кога бев на трансфузија,докторот ми потенцираше дека постоеле и кинеска верзија на клексанот. Исто така да знаеш дека фраксипаринот не е ист со клексанот, клексанот има поубава формула,затоа и е поскап. Еве ри сликички од клексанот,јас сеуште се боцкам со нив. Поздрав
Хаха, и јас истото го забалежав, преубав аватар, пресладок. Најди ми некој таков и на мене, ако ти налета, па испрати ми во л.п.
Да, целосно си во право истото го мислам, има од различни производители и на цела мака и надеж нема потреба за дополнителна мисла. Како и да е, само позитивни резултати да се множат.
А која е разликата во составот ме интересира, дека викаш поубава формула? Мене од Клексани ме префрлија на Фраксапарини...зошто ако ја гледам цената не би можела да проценам дека повисоката цена е подобра, зошто едните се француски другите амерички и нормално дека ќе се поефтини едните, мене ме интересира за составот разликата ако можеш тоа да ми го објасниш би ти била благодарна