Се надевам да има позитивен резултат благодарам на сите за подршката стварно веќе не знам кој крај да го фатам се спобудалев од размислување што ќе правам ако е негативен одвај чекам денов да помини да видам што ќе биди.
Обиди се да се смириш малку, нервозата и стресот не ти идат у прилог, да не си правиш полошо за себе, а што ако си трудна???? Ајде, искулирај малку, пушти музиче, филмче или земи некоја книга, дај се’ од себе да бидеш попозитивна. Сите сме поминале низ истото и те сфаќаме, ама за твое добро потруди се да останеш во позитива. Каков и да е резултатот, одиш понатаму со крената глава и верба во успех! Ти посакувам овој пат да е позитивен резултатот.
о Оваа новата ич за ништо не чини. Бев вчера за брис па неможело нешто проблем имало. Викам добро тогаш на ехо онака еден преглед. Вика секако ќе одиш во битола таму ќе те прегледаат. И на крај сестрата ми вика 100 ден за консултација... Ужас на сестрата толку незгодно и падна викам не си ти крива еве заради тебе ќе дадам 100 мада шо јас неа ја консултирав наместо она мене. Мојата докторка е душаа ама ете бидна шо бидна.. Значи супер нели нема никаков проблем
Ние помалку од година А зошто три години? Ваучер даваат и на парови кои живеат и ванбрачно. Само треба некој договор кај нотар да се потпише
Ние сме четири години. Ама тоа нема врска нема правило колку време како шо кажа и @Bubce38 и вонбрачни парови добиваат ваучери. Доколку имате проблем со зачнувањето секако ќе биде одобрено.
ние сме вонбрачно, ми кажаа од фонд дека три години сме требале да бидеме во заедница, затоа прашувам.уште нотарот ми остана, се јавив во фонд и ми рекоа три гофини
Од каде ќе знаат тие дека сте навистина заедно три години или две? Или треба некој доказ, што знам дека сте живееле заедно, некој да даде изјава или слично? Онака ме интересира.
Да, знам за венчаница, тоа се поднесува со документите. Но за вонбрачна заедница, како ќе знаат колку време навистина се заедно? Во изјавата ли се пишува што се потпишува на нотар?
Е па тогаш можеш да си напишеш колку што сакаш години ако не бараат нешто дополнително како сведоци, доказ дека живеете на иста адреса и сл.
Може да, тоа е на нивна одговорност. А, не верувам дека тоа некој некогаш го проверува, про форма е само изгледа.