Прв пат слушам дека има услов колку точно време треба да живеат заедно партнерите . Со сигурност знам за случај каде што ниту живеат во исти град партнерите , а камоли на иста адреса . Околу една година беа дечко и девојка . Исполнуваше жената услови ( имаше еден запушен канал и една ектопична бременост ). Зема ваучер без проблем . Исто знам дека ваучер може да добие и слободна девојка ,која нема никаков партнер , а материјал ( спрема ) да си купи од донор . Чудно ако рекле во фонд дека мора три години брачна или вонбрачна заедница Да не има некои измени ?! Ама ќе кажеа такво нешто ако има
Прв пат слушам и јас за временска определба на заедничко живеење. Знам дека треба или извод од мк на венчани, или изјава заверена од нотар.
еве и јас се зачудив денес кога се јавив.ми рекоа ке си дадете изјава на нотар дека живеете заедно повеќе од три години, бидејки тоа се сметало за стерилитет?!?!? толку беше муабетот така ми кажаа така ке направам.
За донор не сум сигурна дека можиш сама да си донесиш. Постојат банки на сперма во клиниките кој соработуваат мислам дека скоро сите соработуваат мислам од данска дека се донорите така некаде имав прочитано
Може,може да си однесеш донор . Пр сакам бебе од комшијата , тој оди на нотар ,потпишува дека се согласува неговиот материјал да се користи за оплодување на моја јк , истиот договор се носи во клиниката и така ...
Meni mi pobara vencanica i najmalku dve godini vo brak taka se racunalo sterilitet. Moe iskustvo Dali mozete malku da mi objasnite kako se pravi na priroden proces ne mi e jasno
Како што ми објасни докторкава од 7или8ден ќе следи фоликули и кога ќе се оформи јајце клетка ќе прави пункција па потоа ако се оплоди ќе прави трансфер така ми кажа на мене ако грешам нека ме поправи некоја од членките.
Чекам сеуште во вторник ќе проверам. Инаку осеќам дека до недела ќе дојде вештерката многу ме боли стомакот за менструација :/
Здр девоки ја има една недел како ги предадо дукумети во фод за ивитро колку треба да чекам за одговор
Ќе почне да те следи докторот на ехо од 7-8 ден, дали ќе има видечки фоликул, ако има и истиот расте, ќе се направи пункција, ако има јајце клетка(зашто може фоликулот да биде и празен), ќе се изврши оплодување, ако се оплоди, ќе се направи и трансфер. Многу е полесна постапката, само да се погоди во тој циклус да има јајце клетка. Воопшто не е стресно, нема стимулации, само стоп-инекција и терапија после ет.
Од две недели до месец, два пати месечно се формирала Комисија во фондот што ги разгледувала документите, така ми кажаа мене од фондот, јас вчера ги поднесов