Девојки една информација ја добив циклус и сеа од кој ден да почнам со микрогинон? И сакам да ве прашам за цела постапка колку слободни денови ќе треба да земам од работа? Ви благодарам од напред.
Кај Ивановски..бев со долг протокол но после примени 66 мерионали немаше ниту еден фоликул и прекинавме па чекав покасно да се појави и се појави едно ама нека биде вредно
Јави се кај докторот, тој ќе каже кога да почнеш со Микрогинон. Штом пиеш Микрогинон, долг протокол ќе терате. Овој циклус нема да треба да земаш денови бидејќи си пиеш Микрогинон и дури околу 21 ден ќе ти дадат Супрефакт или Триптофем, па следниот циклус кога ќе добиеш, тогаш ќе почнеш со стимулации. За време на стимулации обично по 3-4 прегледи прават, па пункција. Сметам дека и за овој период не ти треба боледување бидејќи нормално се функционира. Ако сакаш да седиш дома по трансфер, тогаш ќе си земеш боледување за да мируваш барем првите 3-4 дена. Некои во тој период по првите 3-4 дена се враќаат на работа, некои остануваат на боледување една, а некои две недели.
ќе дојде без гајле. Јас уште сум тука ги чекам резултатите од крв бев на ултразвук ми дадоа шема и треба со резултатот да се вратам кај докторот по инекциите
Да дополнам само: Со супрефакт може и порано од 21-ви ден да почне, на пример 17-18-19, по оценка на докторот. Најчесто, пред да се заврши со Микрогинон, се почнува со Супрефакт или Триптофем. Во текот на стимулациите, има и 2 пати мерење на хормони преку крв.
Супер ајде држам среќа резултатите да будат ок, јас веке и можам да ја замислам возбудата кај тебе се ставив и јас на тоа место, ке бидее ке успееме за бебче сите само да си бидеме релаксирани....
Ви б Ви благодарам многу за помошта. Но прашував за слободни денови бидејќи не сум од Скопје и треба да патувам.
Слободни денови ти требаат само кога ќе одиш на ехо, тоа се некои 3-4 пати, а потоа за пункцијата и за трансферот по еден ден ќе ти треба. Тоа е се’ во текот на постапката. И после трансфер секако треба да одмараш.
Moze I bolovanje vo tekot na bockanje da si zemes prethodniot pat mene mi davaa izvestaj od klinika i mi go ptodolzuvaa i komisiski ne pravat problem
@Queen8 и @0ли сум се боцкала и сама со Пролутекс, ама од него ме боли многу стомакот, ми се прават како некои тврди отоци. А исто така се боцкам со Клексан или Фраксипарин и од нив ми се прават модрици, па кога се боцкав со Пролутекс ми се плачеше, ем тврди и болни отоци од него, ем модрици од другиве, не знаеш кај да боцнеш веќе. Еднаш сакав да се боцкам со Пролутекс 7 дена по трансфер, па да продолжам со Прогестерон Депо, ама Трајковски цело време кога ќе го прашав дали може така да направам и дали е исто, ми одговараше со еден неуверлив тон дека исто е, ама Пролутекс се подобри. И јас од страв продолжив да се боцкам со Пролутекс, да не пореметам нешто во нивото на прогестерон и продолжив така до 7-ма недела, но пак имав спонтан. Е последниот пат да не доаѓам пак во такви дилеми, почнав веднаш со Депо, ама проблем е тоа станувањето после. @0ли тебе кој доктор ти одобри да менуваш Пролутекс, со Депо, што ти кажа, ОК е? Девојчиња во постапка, со среќа!
Мене од пролутексот ме болеше бааги ама немав толку модрици чат пат од факсипаринов некоја подизлегува...а сега прогестерон депо иако е мускулно еднааш ме болеше по боцкањето еднаш и не толку... мислам прагов за болка ни е на сите веќе зголемен... Пс.. Ти благодариме Дај боже да се враќа кај сите бар по 1бебче
Првиот пат Пролутекс ставав само од пункција до трансфер, со Депо почнав утредента по трансферот, тоа ми препиша докторот и така терав. А вториот пат исто Депо ми препишаа, но сама прашав дали може Пролутекс за да не излегувам. Не ми беше препишано Пролутекс, туку Депо. Мислам дека 4-5 дена по трансфер боцкав Пролутекс, па потоа продолжив со Депо на четири дена. Ми рекоа дека може и дека нема гајле. Поминува се', секоја болка и модрица. Да не ме потсетеше, немаше да ми текне да помислам дали минатиов пат имав проблем од Пролутексот Спремна сум пак со се' да се боцкам.
@0ли и јас имав таков еден трансфер, со боцкање утредента со Депо. Најглупаво нешто, ден по трансфер станував да одам кај матичниот да ме боцкаат. А Пролутексот во комбинација со модрици од Клексан или Фраксипарин, многу ме боли со тек на време. Не е до издржување, можам да истрпам болка, ама мислам дека самата болка создава стрес, тоа најмногу ме загрижуваше кога останав бремена. Ќе ја истрпиш болката, ама неизбежно е да се стресеш малку, тоа повеќе ме плашеше. У секој случај и мене ми изгледа најдобра комбинација неколку дена Пролутекс и после да се продужи со Депо, само да бидам 100% сигурна дека е исто.