Здраво девојки после инвитрото добив на 1ви овој месец и сега на 13ден од менструација имам пак некое крварење ви се случило на некоја од вас или можеби од хормоните ми е ?
Благодарам претпоставував дека можи од нив да биди дури се среди организмот инаку некни бев кај др таше па сега ми останува да собирам документи за трето ин витро и тој ми рече прави преку фондот оти многу пари фаќало на приватно е сега на мажот ми му рече да испита дна фрагментација па ќе видиме што ќе биди поздрав до сите и што побрзо да имате две цтрки
Не ти кажа колку ќе те фати јас таму го правев првото ин витро преку фонд здравје од септември сакам за второ од првото имам синче и тебе со среќа
Не ми кажа мене само рече многу скапо било ајде со среќа на сите да ви биди боже здравје јас летово ќе почнам од јануари 8 правев трансфер во јуни мислам иди да поднесам документи добра ноќќ на сите
Еххх девојки еве го моето разочарување место да се радувам денес јас тагувам, требаше да ми биди почеток за инв. е сега треба да го чекам наредниот месец поради неодговорност на сестрата што ми кажа дека може да дојдам на 4 ден од мен. Поради отсуството на докторот .. И сега дојдов и докторот вели немало можност да се почни терапија касно било морало на втор ден и сега мора да го чекам следниот месец..
Не сега ми препиша капсули некои не ги запамтив ке ги земам сега од аптека баш ке ти пишам дали знаеш за што се не го ни прашав од што се изнервирав...
Нека сподели некоја членка искуство, ако почнала од 4-ти ден... И јас знам дека се почнува од втор, ама сигурно е по оценка на доктор во конкретен случај, дали може да се почне и ден-два подоцна.
Немој да се разочаруваш Знам дека го чекаше овој момент и нестрплива си, те сфаќам. Но ако е доцна да се почне, тогаш следниов период шетај, шопинг, дружење. Времето брзо минува, ќе помине додека трепнеш, ќе видиш. Ништо не е изгубено
Mozebi taka ke bide ppdobro za tebe taka bog sakal nisto ne e 1 mesec uzivaj....opusti se i ke bide...od iskustvo