Од вакви приказни да се наежи човек, сепак постојат чуда, ти посакувам лесно до крајот да си ја истераш бременоста и ние побрзо да те стигнеме
Леле душа си да ти кажам веке и си легнувам со мирна глава а колку бев нервозна што мислев болница во вис да кренам од таа сестра што ми кажа на 4 та ден дојди а јас упорно абе на 2 ра требаше па дури и ми се опна штом ти кажувам јас дека може значи не е проблем а и добро е што не беше на смена.. Ајде па може и ке и бидам благодарна и јас верувам во чуда.... Гушки до сите
Нормално дека ќе успеете.Затоа и го правите сето ова,затоа што знаете што сакате и колку сакате.И мора да успеете. Сите успеваат
Од утре ќе чекаме убави вести. Има некој тука за бета. Со душа чекам да се разбранува темава со бура од позитивни резултати.
Не,беше на консултација и докторот и рече АМХ прениско влегуваш во менупауза,секој момент ќе те остави циклусот.И паники ,плачки што да ти кажам.И кажуваат почнуваш со контрацепции и кога ќе добиеш ми звониш.Арно ама она не добива и прави тест.Позитивен,и врти на сестрата и вика трудна сум.Оваа вика нема шанси,истото и докторот и го вика и да оди да јс види.Кога ја виде имаше и што да се види.Има две дечиња сега,едно 5 другото 3 годинки.
Девојки трет пат користам кринон но прв пат ми се скучува да немам ништо наутро од кринонот..дали е во ред тоа? Мислам дека имаше уште една членка со вакво искуство но не се сеќевам што биде.
Леле мила за малку ќе пропуштев да честитам да не ми пишеше во порака...да ти честитам од и тука.. браво, како за себе се израдував кога прочитав срипав од место ...со лесно да ја истераш бременоста, па те чекаме во труднички сега и тебе и сите членки на оваа група, патот по кој сме тргнале да ни е лесен и успешен на сите
Не се секирај мила,тој се апсорбира и после истекува.Не истекува секој ден.Барем кај мене беше така.Секое добро