Дај боже да бидат квалитетни многу се плашам Нека ти е здраво и живо малото за него. Јас многу се плашам дали ќе успеам
Девојки јас денес излегов се прошетав полека..мнногу убаво време и некако многу убаво се почувствував...дали можам вака сеој ден по малку да пешачам полека оти некако ми годи
Девојки сакам да ве прашам јас денес прокрварев, а од 10ти фебруари (втор ден од циклус) почнав со микрогинон. Дали е нормална реакција и дали на некоја од вас и е случено вакво нешто или да ја барам сестра Сашка? Ви благодарам и ве гушкам сите до една
Мене ми се случи така пред да го испијам последното апче ми кажа сестрата да го испијам и нареден ден да го сметам за 1 ден од циклус..но сепак јави и се
Девојки вчера ми рекоа копија од документи за пункција. Јас од нервоза нр прашав кој документи дали тие што ги имам од фондот.
Да се шеташ, тоа е убаво. Не смета воопшто, напротив добро е за циркулација и подобрува имплантација.
Женски јас успеав да дојдам до Имунологија со упат од матичниот лекар е сега треба да проверам вит.Д инсулин и хомоцистеин на клиничка биохемија,мојата матична не можеше да ми даде упат за таму а немаше термини за интернист.Дали може некоја да ми каже како да дојдам до клиничка биохемија, на приватно е доста скапо...
За жал нема термини за интернист , а мојот матичен гинеколог не може да дава упати за клиничка биохемија...
Мене за клиничка биохемија, упат ми дава гинекологот од ГАК. Приоритен упат кој треба да се искористи во рок од три дена. Ако имаш упат за имонологија замоли ги тие да ти дадат упат за клиничка биохемија. Не верувам дека ке прават проблем, а и мислам дека упат за клиничка биохемија може да даде било која клинка од клиничкиот центар. Само нагласи оти сакаш приоритетен, за да можеш завршиш истиот ден.