Може дури и без книшка, само со лична карта. Мислам дека до 9:30 земаат крв, резултати за еден час. Би требало да може и од други градови штом примаат само со лична карта. Но не знам, не сум сигурна. Ако оди некој скоро, нека праша и нека пише за да знаеме.
Може да сопругот правеше за сида и хепатит.Од друг град сме не сме од Скопје.Ние не носевме со нас ниту книшка ни л.карта сопругот даде само возачка дозвола за идентификација. Се надевам помогнав
Дали ти беа резултатите добри ? Можеби заради тоа ти бараат да ги повториш испитувањата? Јави се прашај ги ..Ао е се во ред значи навистина се безобразни. Не се секирај се ќе биде ...знаеме како ти е ..
Девојки, дали да вадам нов упат од матичен за инф,?Ваучерот ми е од ноември/земав упат тогаш и отидов во спец. установа кај шо ќе го правам ивф но излезе хистероскопијата и така Инаку ни упат, ни ваучер до сега ми зедоа.. Само ме праша д-р до кога ми важи ваучерот
Да нов треба. Само ќе си се консултираш со болницата во која правиш ифв со кој датум да почнува. Тоа ќе ти го кажат кога ќе им го дадеш ваучерот. @Adams со среќа и со успех <3
Опа, па ова е за частење , ептен ми е мило за тебе, така да ти биде до крај , само убави вести да ни носиш
Само џабе си се секираше. Гледаш дека се' си е во ред, ајде насмевка на лице Сега да си се оплодат, па назад во меше
Најпрво се извинувам за мојот долг статус. Ве следам многу одамна и еве сега собрав храброст да ви ја раскажам мојата приказна.Во брак сум 7 години и исто толку се борам да го добијам највредното на цел свет.ќе се обидам да бидам кратка 2015 г се одлучивме кај петановски испитувања секакви се е нормално нема никакви проблеми одлучи да ни прави инсиминација, ништо не ни објасни ние како телиња ни закажа прва и неуспешна (ништо не ни даде да пиеме никави лекарства) така ако биде ќе биде ако не ќе одиме на инвитро. 2016 прво ивф инекции лекарства од 5 фолекули се фати едно, едно ама вредно. две недели од кревет не станав и тест преку крв позитвен, не ми се веруваше и ни закажа контрола за две недели но после првата прокрварив мислев дека е готово, на полноќ ме примија во ремедика, ми рекоа дека има одлепување од плацента, само тоа ќе дојде твојот доктор ќе ти обајсни.. цел ден го чекав и дојде во 5 попладне за само да ми каже има одлепување на плацента ќе примаш инекции, ништо друго, ја прашав сестрата што е тоа, одговор: па опасно е... и се ми се сруши. За две недели контрола и тогаш се разочарав најмногу на светот не само од тоа дека срцето прекинало на бебето да чука туку тоа што петановски гледајќи во својот телефон толку непрофесионално само ми рече: ништо не бидува од ова, ќе те исчистам и добро де пак ќе правиш токму со овие зборови не гледајки во мене туку во телефон не му дозволив да ме чисти побарав второ мислење и ми рекоа само ќе се исчисти и така и биде. Може за некој е најдобар доктор но за мене тој пред се не е човек а не доктор ( не заради неуспешното ивф туку за неговиот пристап за тоа што буквално не знае како со пациент што изгледа како изгубено) а да не кажувам за тоа што кај него за преглед чекавме понекогаш и по 3-4 саати па и секој втор ден кога одевме пред ивф човекот и неговата сестра данче секогаш како прв пат да не гледат па и ме прашува човекот за што сум а ми закажал ивф за два дена која мизерија...Не го оцрнувам нека им помага на сите господ да му даде стрпление и желба да се бори со своите пациенти. од тоа искуство не сакав да стапнам во болница но мораав зошто бебето не доаѓаше и така 2018 решивме да одиме во систина кај Ивановски.. и повторно скала по скала сите испитувања и повторно се е во ред, но не ми се чека и се препуштив на докторот што тој ќе каже тоа ќе го правам, зошто таков ЧОВЕК мајка еднаш раѓа, професионалец стручен најдобар, другар со своите пациенти. правевме инсеминација неуспешна, па ивф со стимулации три оплодени две вративме после две недели неуспех, па ивф природен циклус се оплоди го врати но повторно негативен тест, се одморив 6 месеци и тогаш почнавме две ивф на природен едно по друго првото со прснан фолекул, второто празен, па се договоривме со ивановски да одиме со стимулации после новата година 2019 резултат само два фолекула пораснати но празни, дојде со солзи во очите што пат гледам доктор да заплаче за пациент и ми рече не се откажуваме ќе одиме сега овие два месеци со природен циклус па ако не биде ќе одиме со друга постапка, јас ќе успеам да ве направам родители..му верувам целосно.. и така овој месец од 7 ден од циклус секој втор ден ме пратеше многу закаснета овулација но порасна и одиме на пункција и толку се изнервира прснало но рече ова е скоро прснато ќе правиме инсеминација, на 16.02 ја правевме и сега чекам да ги видам и јас еднаш двете црти. Доктор Ивановски и покрај сите овие неуспеси не се откажа и ме бодри да продолжам да не се откажувам и ми го објаснува секое мое прашање со стрпление и внимание и секогаш е тука за нас, не знам како ќе му се одолжам не знам како да му се заблагодарам за денот што доаѓа за денот кога ќе успееме, изненади ме јави ми се со позитивни резултати така ме испрати во саботата на 16.Бог да го благослови, да му даде здравје среќа нему и на неговата фамилија, му благодарам за неговата жртвеност. и еве сега ми преостанува да чекам а тоа чекање ме убива но се молам на бог за конечни позитвни резултати, Господ дава на секој па се надевам дека и мене ми дојде редот. се извинувам уште еднаш за предолгиот пост но морав да ви пишам и да им дадам подршка на сите кои се борат за да створат иднина. ви благодарам