Успехот ги следи упорните, а вие сте баш такви упорни и позитивни. Ти ја посакувам целата среќа за да успеете.
Ивановски е прекрасен доктор и кога ќе каже нешто тогаш и тоа ќе биде. Ми се има случено да не му е ден и да е таков арогантен НОооо го памти тоа и на наредна контрола сто пати ќе ми се извинел дека не му бил денот. Во најскоро време ти посакувам две црти.
@epinki тешко и макотрпно е ова твое патешествие, се додека докторот кој те води не се откажува не треба да губиш надеж, секој има разочарување во оваа наша мисија , јас верувам дека ќе успееш и ќе го израдуваш докторот кој те следи.Биди позитивна и силна до крај.Јави ни за убавите вести
Леле мила искрено ме расплака .Жал ми е што и ти како мене се бореше со најтешката борба.Ние 9год се обидуваме но ништо.А кога ја опишуваш посветеноста на твојот др кај кого си исто како да го опишуваш мојот Др (Трајковски) и тој прекрасен другар,пријател,доктор и сеуште се сеќавам на неговите зборови кога ми рече:: ти од кај мене ке заминеш НАЈМАЛКУ со едно бебче мора да успееме не се откажувам додека не ве направам родители!!! И кај нас се во ред но никако да видам позитивен резултат.Ние сеуште не сме се обиделе со ифв.Една година пробувавме со стимулации на природено но за жал безуспех.Во декември правев една инсеминација но за жал неуспешна која ја изврши Др Гуржанова бидејќи Трајковски беше службено отсутен,а втората инсеминација ја правевме сега на 12ти и ми ја правеше Трајковски.Се надевам дека најскоро сите ке ја напуштеме темава .Посакувам сите што се во постапка на иуи или ифв во најскоро да си се радуват на ll цртки.Нека сите се со полно меше па и јас
Ти благодарам што сподели со нас, се надевам и ти посакувам овој пат да се израдуваш на таа фамозна висока бета Кога сме кај емпатијата и човечноста, лично за мене зборувам, не ми треба сочуство ми требаат одговори, здрави и издржани одговори и решение. Малку посуров пристап имам јас кон односот, не сакам да ме сожалува сакам да ми го реши проблемот, кратко и јасно ценејќи го неговото и моето време. А што се однесува до Ивановски, многу позитивни коментари читам за него, само што е тешко да дојдеш до термин.
Истото го мислам и јас за него..без оглед каков ќе биде мојот резултат тој не се откажа кај мене немаше фоликули и после многуте мерионали но продолживме и успеавме да дојдеме до едно ембрионче..кога му потврдија дека ина јајце клетка дека не е праазен мојот фоликул мојата надеж ми ја бакна раката и рече фала му на Господ...за мене тој е голем ЧОВЕК и знам дека со него ќе успеам
Долги години сме во борба се надевам дека оваа наша борба ќе заврши со успех, бог да е со тебе да ги видиш двете долгоочекувани црти, јас сум после тебе најпрво израдувајне ти па после се надевам и јас
Ке заврши со успех мила сите до една ке бидеме горди мамички нема разочарување а Господ е голем ке ни помогне.
Кај ивановски тешко е за термин но кога ќе почнеш кај него секогаш наоѓа време, сега последно кога го прашав за термин за едни пријатели рече после 15 март така да ако сакаш преглед кај него можеш да ја побараш сестра сашка таа ќе ви закажи. Ти благодарам за подршката