Единствен одговор на ова прашање би бил следниот, но сепак ако е доволен... Сигурно заради тоа што докторот ја мери дебелината на ендометриумот на секој ехо-преглед и според тоа оценува дали е доволно дебел или е повеќе/помалку од препорачаното.
Ова има логика, дебелината на ендометриумот им е репер дали одговара за трансфер, е сега можеби им е доволен ехо-прегледот, па затоа не мерат прогестерон преку крв.
@Недопирлива5 , @Queen8 да сето тоа е така, дебелината на ендометриумот е важна, барем над 7-8мм за трансфер, но ова што го кажа @NNA ми држи вода, и колку што разбрав се однесува на презреан ендометриум (ако прогестеронот е висок). како и да е, баш ќе го прашам докторот за ова, знам дека ќе ми се изнасмее и ќе ми рече не му ја мисли, но веќе кога го прочитав како појава, сакам да си знам
Јас ко ќе одам кај мојата докторка,ја бомбардирам со прашања и информации од форумов хаххаха,се чудит...викат ако ако испитај си се хахахха
Мене секаде ми го имат испитано ама само на почеток, после тие сигурно знат ако гледат дека е добро не го испитат пак ама ако гледат дека имат шанца да порасне го испитат пак. Ова ми го кажа Докторката што ме водеше во Ремедика Снежана.Поздрав
Јас колку што знам прогестеронот е показател, кој на почетокот на постапката се мери за да се види дали има почеток на антрални фоликули (претпазливост да не е "missed" циклус) и дали тие фоликули се фоликули или цисти (на втор ден од циклус не може прогестеронот да е над 1 затоа што е премногу рано за таков брз развој, значи не е фоликула него најверојатно е циста, и во таков случај не се почнува со стимулации) , а во понатамошната постапка кога ќе се почне со стимулации се проверува прогестеронот за да се прати развојот на фоликулите (дали ќе се појават водечки фоликули или не). Мерењето на прогестерон може да се скокне ако се работи за машки фактор или ако на ехо со сигурност е видливо дека ќе има развој на фоликули (ова обично важи за пациенти со нормален хормонален статус и без проблеми со ендометриумот).
Me interesira dali nekoj prefrlal zamrznati embrioni, imam uste 3 eskimcinja vo nyborn pa sakam da pravam tranafer vo remedika ili sistina uste se mislam ama se poveke sum za remedika i ako nekoj ima iskustvo da mi kaze za cena za prefrlanje na embrionite.
Во ремедика ми рекоа дека нема да земат ништо за префрлување , а трансфер ке чини 22 000 , ова е прашано пред две недели , а за систина навистина не знам !
Офф девојки како се наближува времето за тест некако сум многи напната а и ме боли стомак како да ќе добијам секој момент
Дај боже да биде ппзитивен ама некако ме плаши од денот на трансфер до денеска нон стоп имам грчеви како да ќе добивам
не си сама тука сум и јас и мене ме фака некоја паника и нервоза,па некогаш си речам шо сака нека биде како решил господ така
Ајде уште малку јас на 6 треба да правам тест дома а на 8 преку крв Ајдее дај божее да е успешно уште некој ден ќе си почекам
И мене денес ме фака паника,првите денови по трансвер не осеќав ништо а од сношти имам слаби менструални болки.Инаку трансверот ми беше во понеделник ембрион вратен на 5ти ден.Кога најрано може да направам тест? И има ли некој со позитивен тест,а осеќал менструални болки после трансвер?