ако имаш позитивен тест оди на дежурен нека те зирнат ама оди таму кај шо си го правела инвитрото прогестерен нека те боцнат ако не примаш со прогестеронско покриена ли си? не се плаши може да не значи ништо ама сепак за да си бидш мирна еден преглед не е на штета не чекај до утре мој совет
Најдобро оди на преглед, ама по можност да ти направат само абдоменален ехо-преглед, зашто е рано за вагинален.
Немој да се грижиш чим си покриена со прогестеронска терапија и ако немаш болки. Утре сабајле направи тест,би требало да покаже,а и може да е имплантациско крварење.Ако не се лажам циклус не иде дур не се прекине прогестеронот. Смири се,ке биде се’ во ред
Конечно да ни се размрда и да се разубави темава... @Only1 и @Adams, честитки, од срце се израдував... да си имате лесна бременост и до крај без маки да ви биде! Сончеви денови, убави вести... Поубаво не можеше да започне месецов... Нека се множат среќни вести и позитивни тестови... Јас од утре почнувам со микрогинон, бидејќи се контрацептивни тоа значи дека сме со долг протокол?
Не мора да значи дека ќе е долг. Сум пиела микрогинон, па следен месец од трет ден на циклус сме оделе со стимулации
Мислиш на Хсг ваљда . Проверка на проодност на канали ,така ? Ако ДА, тогаш ќе ти бараат задолжително чисти микробиолошки брисеви , седиментација во граници и инфективен скрининг. Истото важи и за хистероскопија , со тоа што мене у Чаир пред хистеро ми бараа и рентген на плуча
Да проодност на канали.па матичниот гинеколог ништо не ми кажа а ми даде упат.значи џабе ке одам ке ме вратат
Ти благодарам многу. А тебе нека ти е сп среќа и успех ќе те чњкаме ити да ни се пофалиш со убави вести
Не е џабе. Каде ти даде упат и кај кој доктор? Ако е за државно, прво одиш таму на разговор, преглед, ќе ги носиш сите испитувања што ги имаш досега и таму ќе ти кажат што да правиш, нема веднаш да те прават.