Доколку сте со супер спермограм јас би одела по советот на Ивановски, не би ,,собирала,, мрзнела, оплодувала, па некој нареден месец само трансвер. Но доколку сте со машки фактор советот на Трајковски можеби е поиздржан и би одела на таа варијанта. Никогаш не сум пиела таблети па боцки кај долг протокол, веднаш идев со боцки. Нема некое правило, пример јас на краток прво пиев таблети, секој случај е индивидуален. Околу ваучерот рачунај 6м од ден на трансвер. Пример ако е 15 јуни датумот поднеси по тој датум, или на самиот датум. Бидејќи ако пример поднесеш на 10ти и го земат одма и видат дека немаш 6м ќе ти го стават предметот одоздола и ќе чекаш плус 2недели.
@Лаура82 , мислам дека ти си со ниско амх. Ако е така, добро ти вели Трајковски послушај го. Причината е дека со ниско амх ретко можеш да извадиш добра ј.клетка и најчесто е неквалитетна. Ако собираш повеќе месеци има поголема веројатност да се добие добра од тие неколку месеци и да ги почека да се направи некоја одумклеточна или бластицист. Добивката ти е што нема да мора да лежиш на пример 3 пати да правиш трансфер, туку сведуваш на еднаш ама квалитетно каде што ќе имаш далеку поголеми шанси. Ова ти е само за стимулирање каде што се вади една или макс две ј.клетки не повеќе.
Претежно да, прво се почнува со контрацептиви од втор ден на циклус, кога ќе бидеш при крај со нив, почнуваш да се боцкаш со Супрефакт, добиваш циклус, од 2-4 ден почнуваш со стимулации, имаш два или три пати мерење на хормони преку крв, ехо-прегледи на преку неколку дена (по оценка на докторот), стоп-инекција, пункција и трансфер.
Mozes da pojasnis za ova kaj Trajkovski? Dali mislis na sobiranje na j.k pa zamrznuvanje ili sobiranje na embrioni pa zamrznuvanje? I normalno posle toa transfer.
Собирање на јајце клетки па потоа оплодување ...па трансфер на ембрион..ми лажа дека со една јајце клетка е лотарија а вака имало повеќе шанси за успех
Мила најверојатно мислел на ј.к, но види пак со Трајковски која варијанта е подобра, да не биде замрзнување на ј.к и на крај ниту една да не се оплоди во квалитетен ембрион.
Да и јас мислам дека мослеше на ј.клетки ..како и да е ако трева да се оплоди ќе се оплпди ако не е квалктетна џабе и кај Овановски да одам и кај Трајковски е исто и во двата случаи моме да не дојде до оплодување единствено разликата е што пвде ќе има повеќе јајце клетки
Прашај ама мислам дека ти предложил замрзнување на ембриони барем да ги оплоди да го види квалитетот дали ќе почне да се развива па да го замрзнете. И поевтино е замрзнување на ембриони одколку на ј.клетки.
Порано и мене ме советуваа да собираме неколку месеци, ама ембриони, потоа трансфер. Тоа е така зашто се мали резервите. Нема да губиш време по трансфер, па пауза ако е неуспешно и тн. Вака ќе си имаш повеќе за понатаму да си сигурна дека има ембриони. Тоа го предлагаат кај низок амх. Ама ти најдобро си знаеш, дали имаш живци да чекаш неколку месеци додека собериш ембриони или јк. Но да знаеш поголеми се шансите за успех на ембриони отколку на јк. Барем така велат.
А колку се плаќа за замрзнувањето секој месец ли се плаќа или како ..мавистима сум збунета а за живци шо да кажам..ама некако и не сакам да се избрзам
Значи ако замрзнувам 3 месеци секој циклус ќе платам 18000...а за наредна година тешко дека ќе остане кај мене
За првите 3месеци 18000 а ако треба повеќе плус 6000... до 6 ембриончиња (24000цела год а за секоја наредна по 6000се доплака)
Најмногу мислам дека се исплаќа да платиш замрзнување за цела година 24000. Потоа по една година се плаќа 6000 за секоја наредна година.
еве на линкот подолу нова група, @bela.m се сетила - Виртулна аптека- за цени на лекови за ивф,...се на едно место https://forum.femina.mk/threads/Виртуелна-аптека.29866/