Ќе имаме трансфер на ескимчиња, што убаво , женски ви посакувам успешен трансфер и да вродат со плод кај двете со по две
Делумно офф топик ако некоја сака кариотип да прави имаше пуштено термини за април... Инаку да се пријавам дека наскоро ќе си ги земам ескимчињата да проверам само повторно хормони и да почекам резултати за извештај бидејки димерите се над нормала ќе се боцкаме изгледа уште оред трансферот ... Ајде пролетва нека е плодна кај сите
Мила и на тебе ти посакувам успешен трансфер,дупла среќа во мешето твое, ме интересира ако може да ми кажеш каде се проверуваат димерите и што конкретно се гледа од нивна вредност,јас до сега само генетски мутации имам испитувано.
Здраво девојки, јас имам една малку специфична ситуација и ако некоја од вас имала нешто слично, ве молам пишете ми порака овде. Ние добивме ваучер и тој ни важи до крај на јули. Од работа сум пратена во странство и ќе се вратам во МКД во јуни. Што ако не успееме да направиме се' до крај на јули (2 месеци)? Ќе треба да платиме само за тоа што ќе се направи по истекувањето ма ваучерот, нели? Да речеме ако трансферот остане за август, само него ќе треба да го платам другото би требало да е бесплатно? Фала однапред!
Вака, јас колку што знам, а се имам консултирано за ова, мислам дека пред истек на важноста на ваучерот треба да се започне со постапката, истиот да се активира, а кога ќе се заврши постапката, дека не е битно. Препрашај за секој случај, ама мислам дека е тоа, тоа. Таму кај што планираш да правиш ивф, јави се кај доктот/сестра, со кој имаш контакт и презентирај го истото, ќе добиеш најадекватен одговор, ама мислам дека ќе се потврди моево мислење.
@Bubce38 @Queen8 јас не ни помислив дека така може...така ме наведоа да мислам Лазарески и Анита. Тие ми рекоа да почнам со терапијата микрогинон во странство и во јуни одма кај нив со транфери...како да се брзаа за до јуни да ме завршат. Може во фондот треба да прашам? А вие Queen8 со кој сте се консултирале: со доктори или со ФЗО?
Убаво ти кажале, во странство почнуваш со микрогинон, после тоа право кај нив, ќе продолжиш со постапката, по дадени насоки од страна на докторот. Значи во Јуни кога ќе дојдеш да се јавиш таму и после нема проблем. Битно е да започнеш. Може не си разбрала нешто, ама ништо страшно, се разјасни работата. Нема потреба од негативна енергија, не знам зошто одма мислите дека некој нешто ве наведува. Треба малку попозитивно.
Па таа е логиката, кога ќе дојдеш ќе одиш кај нив и ќе почнете со постапка. Не гледам ништо лошо или погрешно.
Со упат од матичен на трансфузиологија... и сега ги чекам генските мутации па дда даде мислење за да се боцкам со клексани поради недоволна циркулација...инаку фала кај сите по минимум 1бебе годинава во мешиња да даде господ
Фала ти мила, утре правец кај матичната,да ја разрешам и таа дилема , се' најдобро нека се заврши кај тебе