Јас правев во јануар Дијагностичка хистеро со скречинг.. Платив 21к се комплет Крвна група носев, инфективен таму правев Чекав следен циклус и почнавме
Девојчиња, може ли некој да каже што собирал јајце клетки на природен циклус во Њуборн, како оди постапката? Ме интересира конкретно замрзнувањето на ембрионите, дали додека се собираат, секое замрзнување се плаќа одделно или да речеме ако се договориме неколку месеци да собираме, се плаќа секоја пункција, а само еднаш замрзнување за сите ембриони, од сите циклуси?
Знам дека многу пати беше пишувано, но не можев да најдам наназад во толку многу страници каде на државно се прави спермограм? Бидејки не сме од Скопје, секое одење по државни болници значи ден отсуство од работа, пат, да каснеш нешто..... Од таа причина сме оделе по приватните за спермограми, но се поскапи и поскапи стануваат - 2500 па нагоре. За последното аплицирање за ваучер од ФЗО сите испитувања ги правевме приватно, ги сочував фискалните и деновиве средувајки нешто ја пресметав сумата - 24 000 денари само за испитувања за ваучер!!! Е, многу е! Затоа прашував за спермограми на државно, ако сака некој да ме оправи, да не фрламе толку пари, а и онака е азооспермија во прашање.
со упат од матичен лекар: -ГАК -институт за ембриологија и хумана генетика....или слично на ова е називот и -поликлиника Букурешт (овде не сме правеле, но членки има што пишувале)
Здраво девојки, среќно на сите во постапка , честитки за новите трудници. Малку се дистанцирав од темава, не ве следам многу, но ми треба помош. Треба да почнам со второ Ивф и треба да се боцкам со клексани. Е сега, од градска, трансфузиологија, ме вратија, не давале извештај они веќе една година, треба да се обратам кај гинеколог специјалист. Дали е така, која е сега процедурата, да не сакаше да ме откачи? Упатот ми важи уште, можам на клиника на трансфузиол.да одам да пробам ,или и од таму ќе ме вратат. Уф, живи нервози...
На гинекологија за 150ден со упат од општ за сопругот и задолжително тест за хив и хепатит за сопругот да си носите
Зависи кој доктпр си го погодила и истите доктори идат од клиника... првпат кпга отидов сузана ми го рече истото гинекологпт да се позанимавал со нас а имав високи димери а не бев трудна со неуспешно ифв... така да отиди пак кај некој нормален мене 2от пат ми се погоди доктор Јани мн добар човекот се кажува објаснува и сл...
Браво мила, ајде почнавме со позитивните вести....нека се множат само така, Господ да те дарува со дупла среќа, лесно да си ја износиш бременоста до крај!!!!
Мене ми кажаа дека првата пункција е 400еур+замрзнување 400еур, втората пункција 400еур а замрзнување не се плаќа, третата пункција 400еур+замрзнување 100еур, трансфер 200еур.