Мислам дека следи по трансферот а и да не пишат оти е стерилитет, ја назначуваат шифрата за болеста, која ја има на интернет, така да можат лесно да дознаат, ако запнат. И јас тој дел најмногу го мразев оти сепак очекував малку дискреција бидејки сум во јавна институција и ми требаше мир, а не публицитет.
Честитки, ти посакувам здрава, лесна и успешна бременост! @KonstantinaM @Spiritus @Sienna_MK @princess5 фала за информациите. Многу ги зголемиле цените во Њуборн, пред 2 години правев на природен циклус кај нив, 500 еур беше пакет, но ембрионот престана да се развива и ни вратија 200 еур. Сега би дошло минимум 900 еур по ова што пишувате, без замрзнување. Мислам ОК, очекувано беше со тек на време да ги зголемат цените, ама сепак не можат да имаат исти цени со Ремедика и Систина на пример, бидејќи ги немаат истите услови. Еве да сакам да се боцкам во 18 часот кај нив, не можам, не работат. Ако ништо друго во другиве во било кое време можам да отидам, ќе си платам ако треба, ама нема да се влечкам по државни дежурни и да молам за боцкање. Не дека нема да се снајдам, ама стресот е помал. Плус болници се, што и да ми се случи имаат други оддели, разни специјалисти, секогаш има дежурен лекар, во Њуборн има два доктора гинеколози и на повик доаѓа анестезиолог, колку што знам. Не знам, не очекував толку брзо да ги зголемуваат цените, како тргнало, за некоја година колку ќе биде ивф приватно со се стимулации и се, 5 000 еур? Оваа опцијава со собирање јк е добра за нас што сме постари и со слаба резерва, за да не се губи време, во случај да дојде до бременост и спонтан, па да мора да чекаш 2, 3 месеца меѓу постапки. Но во други случаи не знам како ја зголемува шансата, ембрионот ако е добар ќе се фати, не му треба друштво од неколку ембриони од други циклуси Плус секогаш постои шанса при одмрзнување некој да не преживее, така да не знам... Да беше финансиски поисплатливо ОК, ама вака не знам што е поентата, зошто тврдат дека е поисплатливо или дека шансите се поголеми? Планирам и јас да одам понатаму, сега средувам некои други состојби, но корисно е да се информирам пред одење за цени и од други членки, за да не дојдам во ситуација да ме одерат ко лани во Систина. Разбрав за тоа колку плаќале другите тука после постапката и ми идеше да пукнам што не прашав предходно, па да знам да се поценкам @sakam bebe кај мене пишуваше некоја шифра на Z и опис оплодување ин витро, а кога имав спонтан мисед абортус, дискреција нула. Не знам дали мора баш шифрата да ја пишува на боледувањето, распрашај се, може и да се јавиш у Фонд.
@Желба за Њуборн си во право,1000 евра без никаква стимулација и лекарства, за не дај боже попладне не работат, а цените и за моја несреќа ги покачиле, следниот месец ќе биде кај мене скроз на природен циклус ама никој ништо не гарантира,ќе треба на лице место да се види,и јас сум на два ума, дали да одам со замрзнување неколку циклуси ако дојде до оплодување?Ништо не ми е јасно како одат работите бидејќи ми е прв обид, па ќе видам како ќе реагира докторот.Поздрав и секое добро
Значи Систина испаѓа багатела. Во Њу борн ќе си платиш 43 иљадарки ( 24.600 пункција и 18.400 обид за оплодување) , а во Систина сето ова ќе те кошта само 12.000 . Е ако имаш трансфер ќе се доплатат околу 40.000 д, ама работата е што на спонтан циклус потешко се доаѓа до трансфер. А во Њу борн посекако ќе се опрчи човек скоро три пати повеќе. Што е многу ,многу е
Девојки јас отворив боледување од понеделникот пошто работата ми беше стресна и не ми даваа да користам одмор, бев кај матичната и ми отвори боледување а трансферот ке ме фати некаде наредната недела а не ја прашав колку дена ме следува боледување за до комисија ... Дали знае некоја колку дена боледување може да ти даде матичнта за пред трасфер?
Матичен лекар или матичен гинеколог? Матичен лекар мислам дека само 7 дена има право да ти даде боледување. Матичен гинеколог дава повеке.
Матичен генеколог ми отвори боледување со назнака женски стерилитет, но не ми е јасно до кога ке важи дали треба да се затвори ова па после трансферот ке треба друго да се отвори..
Ова ти е до трансфер и се затвара, па од трансфер ти следува уште едно боледување од 14 дена, па потоа со позитивна бета те пракаат на комисија и добиваш уште шест недели. Така ми дадоа на мене пред 3 години кога работев, сега сум дома и не знам како точно одат работите.
имате разговарано со др во однос на квалитет на јк добиена на природен циклус или со стимулации? или нема врска?!
Без разлика на дијагнозата матичен лекар може само до 14 или15 дена да ти даде. После ќе треба да одиш на комисија до тест, па ако е позитивен ќе ти продолжат додека имаш потреба. Јас имав од пункција од матичен општ, па од трансфер 14 дена од матичен гинеколог, ама за ден два бев кратка до тест па мораше мм да оди на комисија. Ми продолжија до тест (неколку дена) па дури после тоа до 30 дена ми го продолжија. После тоа е друга постапка. Се оди на конзилијарно, па со тоа на комисија.