Лендацин -антибиотик ти пуштаат за време на пункцијата Дијазепамот на ден на трансфер нели @Dance27 на клиника Во твојот град само д димери можеш
Не чекај од нив,ретки се доктори шо сами ќе те упатат,ќе ти пишам во лп порака се точно за шо и за каде да си побараш упати,инаку да мораш Ск на Клиника.
Јас за пункцијата доплатив само 220денари за инфузијата а диезепам за трансфер не ни имав... во борн сум... и досега не сум доплатила ниедно ехо за време на ифв и по неуспешното... дури ми кажаа дека за трансферот 33.000 ми се вклучени и ехата и сл пред трансфер... изгледа секоја болница си има своја политика
Ни јас не сум доплатила за ехо . Ни следуваат по 3 А зошто доплати 220 ден ? За лендацинот претпоставувам
Лендацинот го пуштаат додека си под анестезија? Абер немав дека ставаат, не ми рекле да платам. Досега не сум примала Дијазепам. Пред трансфер само Пролутекс и мислам дека Бускопан беше. По трансфер само вообичаената терапија. Не ни знаев дека постои опција Дијазепам во Њуборн. Едит. За трансфер платив 33.000, за замрзнување 24.000 за цела година.
Јас примав. Да, додека си под анестезија пуштаат . И доплатив. Инаку Дијазепам секаде сум примала пред самиот трансфер
здраво женички јас почнав со боцкање по 4 мерионал во денот 5 дена на вечер ги примам денес ми е 4 ден јас сум по краток протокол па ме интересира знам дека зависи кај секого ама сакам да знам од прилика колку време по краток протокол се примаат инекции и за колку време е пункцијата јас сега најмногу се плашам од анестезијата за пункцијата ептен сум во депресија по цел ден само плачам иначе сум голема плашливка од цела постапка само за анестезијата ми е мисла
Јас бев по крарок пртокол примав 7 дена мерионал и во меѓу време 3 цетротиде и за 2 дена имав пункција. Нема потреба да се плашиш од анестезијата мојата беше преку маска вдишав 3 пати и заспав. За половина час ме разбиди ембриологот. Лежиш 1 час и си одиш дома
Од прилика околу 8-10 дена би примала мерионал. Па после прегнил . За два дена после прегнилот би била пункцијата . Ова е вака по некое непишано правило . Но секој организам различно реагира. Во врска со анестезијата не можам ништо утешително да ти кажам . Јас сум бетер Затоа веќе само без анестезија одам на пункција
Ајде какво плачење уште па по цел ден Ајде те чека најубавото нешто, нема потреба од солзи. Насмевка на лице, прошетки, позитивна енергија. Кога ќе помине пункцијата ќе си речеш без потреба се замарав. Од прилика 10 дена се инекциите, но сепак различно е кај сите, зависи како реагираш на стимулациите. Следи насоки од докторот и се' ќе си е во ред.
Нема место за страв од анестезијата, дури ќе си одмориш малку. Сите сме реагирале вака ко тебе пред првиот обид, но биди сигурна дека ќе се покаеш што воопшто си размислувала за ова, тоа е краткотрајна и лесна анестезија, за 10-15 мин. се’ е готово, се будиш ко ништо да не се случило, немаш болки, немаш нус појави, ќе полежиш саат-два додека истече инфузијата и си одиш дома. Тоа е се’. Сега фокусирај се на останатиот дел, стресот не е добар сојузник. Обиди се да задржиш што повеќе позитива. Со лесно!
Од денес почнувам со бемфола инекции.. девојќи што сте ги користеле овие инекции дали имавте нус појави?
Прочитај тука што треба да се испита што немаш испитано.Запиши си на еден лист и наредно одење кај матичната ќе и речеш си била кај некој од докториве за стерилитет и ти кажал да го испиташ ова.Излажи ја малце, јас така сум правела иначе не им текнува да те посочат самите.
Ич не спомнувај,незнам дали стварно не им текнува или намерно вака прават несакат да се замараат. Иначе јас ништо од сето тоа немам испитено Наредната недела ке одам по резултати и ке и кажам,но што ако каже дека нема потреба.Малку е ,,скржава,, кога треба да се даде упат исто имав пред некој месец проблем и со рецепти за Естрофем во аптека ми викат одат на рецепт а она вика не одат и приватно ги купував.А освен матичен гинеколог може ли и општ матичен лекар да издаде такви упати или мора од гинеколог?
Мила, се сочувствувам со тебе,буквално и јас го имам тој проблем,единствена позитивна страна е што ми закажуваат преглед за два дена и не се чека кога треба да земам упат или рецепта.Единствено решение е да го смениш матичниот гинеколог а особено ако е од постарите генерации,како што е мојата ама ич не се замараат.Мене на пример не ми дава упат за Имунологија и трансфузиологија па морав преку општ матичен да ги земам а она таму ми вика ,па ова се гинеколошки проблеми,јас каква врска имам со тоа,твојот матичен гинеколог треба да ти даде.На крај ние сме тие што ќе си одиме од врата на врата а при тоа не смееме многу да се буниме.Смени све што мислиш дека не ти одговара,за да не си губиш време драгоцено.Секое добро!!!
Само што се јавив до докторката од комисијата за БПО и пријатно сум изненадена оти ми крена, ме сослуша и ми објасни. Имено, при азооспермија не морало да се прават спермограми, туку само потврда од криопрезервиран материјал. Како до сега не се сетив да прашам тука на форумов при претходните инвитра за вашите искуства па непотребно да не фрламе пари за спермограми на приватно?!?! Но, еве искуство за некоја друга членка... Додуше, скапо платено, но Ајде - за убаво нека е!
Во кој град живееш? Ако не ти дава тогаш смени ја ,што и е тешко да троши хартија за принтерот ли? Објасни и убаво така ти кажал специјалистот дека треба.Немаш години за губење,или те спрема за ин витро смафтај ја тамо ајде.Мора да ти даде ,а ако не кажи и пријатно само не и спомнувај дека читаш по форуми или нет пошто круната ќе им падне ако им спомнеш такво нешто.
Не треба да постои матичен гинеколог!!!!! Кој каде сака да си оди, а рутинските прегледи да бидат сегде бесплатни, врз основа на здравственото осигурување. Навлезени се во филм дека без нив ништо не може и ова е претеризам веќе! Ми се гади од помислата кога треба да одам кај мат. гинеколог, а евидентно поголем дел од нас го доживуваме истото. Наплаќаат за услуги, за кои не смеат да наплатат, не даваат упати, потврда за примени Клексани не дај Боже да побараш, се чекаат редици, гушење од чекање во несоодветни услови (мали ходници, претворени во чекални!), изживување... А, за солење памет, да не збориме, се’ знаат, а уствари ништо не знаат!