Докторот има проценето со која метода да се изврши оплодувањето, но за се’ што не ти е јасно, слободно прашај си, за да не те мачи мисла цело време, ќе ти образложи се’.
Душо со што ке биде оплодувањето ич тоа не те прашуват и нема никаква разлика во цената или во целиот процес, и секако на ембриолозите полесно е да ги остават да се оплодат сами помалку работа за нив а за тебе нема никаква улога или некоја разлика во процесот, и за тоа не одлучува ни гинекологот ниту анестезиологот па само ембриологот. Тебе треба да ти е најважно колку јајце клетки имаш и колку се оплодени а како се оплодени не се замарувај. Јас имав неквалитетни јајце клетки имав по 16 а семето на мм беше супер и секаде ги оставиа сами да се оплодат и секогаш сите се оплодуваат ама не растат јас многу сакав Ицсѕ метода да употребат затоа што тогаш ги бират најквалитетните сперматозоиди ама и во Турска сами ги оставиаа да се оплодат. Тоа е нивна работа. Поздрав
Девојки јас завршив со пункција поминав добро, ми извадија 3 ј к сега се надевам дека ке се оплодат и ке бидат во ред...
Анестезиологот на лице место на денот на пункција, ке те праша за лекови кои ги примаш, алергии и сл. Посебен преглед кај анестезиолог нема, овие анестезии се краткотрајни.
Супер, сега релакс, утре да ти јават дека сите се оплодиле и целата постапка да ти помине со радост и успех-бебенце/а.hug:
фала ви шо ми објаснувате за се можи сум досадна со куп прашања ама прво инвитро ми е и за се ми е страв јас со вас си наоѓам утеха и се смирувам фала ви многуу кај сите нас нека има успеси и сите да си станеме мајки
Ај вака да прашам,ептен ми е дилема ова,според кои критериуми и кои показатели докторот одредува дали инвитрото ќе е со стимулации или на природен циклус?
Јас сум со ПЦОС па бев со краток-биохемиска заврши. За следното ми кажа ќе бидам со долг протокол. А јајниците ми беа само со по 7 фоликули, подобрени за разлика од претходно кога имав по 15-20 фоликули во јајник
А ако сакам скроз природно,имам еден фоликул и со него да се пробат оплодување,без никакви стимулации,можно е така?
Има неколку фактори кои ги гледа.Возраста на пациентот,вредноста на хормоните,ако имаш ниско АМХ и мал број на антрални фоликули,знаат колку можат да извлечат максимум и несакаат да ги трошат резервите на јајниците.
Ти посакувам успех, кај мене само што одев кај доктор дирекно ме гледа на ехо и кажа дека со долг протокол и секогаш имав од 10 па нагоре јајце клетки, прв пат на краток протокол бев во Турска исто беа 11 јајце клетки а еден сега расте во мене 35 недела денес ја завршувам. Ви посакувам на сите мојата радос што поскоро јас со ивф се мачев 8 години, еден вон материчен бременост природно, 7 инсимици и 5 ивф последното со позитивен резултат, на никоја не и ја посакувам мојот тежок пат а на секоја ја посакувам мојот крајен резултат. Поздрав
Луни со Господ напред, сите да се оплодат и да ти го наполнат мешето Како беше стимулирана и кај кој доктор си?