Позитивен тест за бременост направен на 9 ден и повторен на 12 ден на 14 ден бета 229 Во Понедалник сум пак за бета Течноста беше само сношти ,а денес нема ништо
Немој да се нервираш, смирено. Обавезно на докторот кажи му, можеби ќе ја појача терапијата, можеби ќе ти даде да се боцнеш со депо и сл. Одма консултирај се со него. Полека, не се нервирај, смирено, ќе биде океј Бета порано провери си ако ти е мисла.
Немој да паничиш, смири се, со паника не решаваш ништо. Розев исцедок им се случува на повеќето бремени и престанува. Еве овде ако види некоја ќе пише, а за да се смириш, истово прашај и во темите Прво тромесечие и Труднички муабети, ќе видиш ќе ти пишат дека многумина имале и било океј. Можеш денес да направиш и бета ако сакаш за да видиш дека расте, а и консултирај се со докторот.
Ne panici jas sum so krvarenje od 7 nedela denes sum 10 i uste imam krvarenje samo smireno ke te bocnat so progesteron depo ke ti dadat utrogestan
Девојки , дали некоја скоро купувала пролутекс во Грција и која е цената ? Дали може да се купи без проблем или мора да се нарача ден два пред тоа ?
Може и од Кринонот да имаш исцедок, не се паничи, консултирај се со докторот, дали да го прекинеш Аспиринот и да ти воведе дополнителна терапија со прогестерон, Прогестерон Депо или Пролутекс.
Мислам дека прима веќе пролутекс. А розевото е нај вероватно од кринонот и јас нели имав малку розево од него
Да и јас бев стимулирана пред инсеминација со летрозол/летрасан ми рече докторот дека не ги троши толку резервите како кломифенот, и дека е послаб за разлика од кломифенот. И поскап е исто така.
Девојки идни мамички си ги земав резултатите за мутациии и хомо сум Метилирана фолна ќе треба да пијам на 5ти ден од циклус одам во њуборн да видиме за трансфер кога Помош каде да накдам метилирана да порачам?
здраво девојки дефинитивно петок во 7 30 на пункција вечер треба да примам две стоп инекции заборавив како се викаат утре пауза па господ напред петок пункција малку сум исплашена што и како ќе биде иначе е2 ми беше 2800 е сега ми рекоа претходниот ден до 23 смеам да јадами да пијам сабајлето гладна жедна
За прва рака земи Фемибион, во него има 200 метилирана, прашај дали може да пиеш две дневно. Трансфузиологот не ти кажа доза која треба да ја пиеш? Јас од Бугарија ги купувам Неофолик мета, околу 9-10-11 лева се 90 апчиња. Земи си и Б6 пиј, а и метилиран Б12. Супер ти е Е2, супер ќе биде се'. Не плаши се, се ближи убав момент Гладна жедна поради анестезијата. Ајде храбро