Ајде мила со лесно во петок, да не израдуваш со што повеќе извадени ј.к.Само биди позитивна колку можеш,немаш потреба од грижи.Те чекаме со висока бета !!!!
Ја има во Бугарија, Ќустендил, не е скапа, можеш да нарачаш по некој. Која мутација ја имаш, хомозигот? Сипер ти е Естрадиолот, ќе има убава бројка на квалитетни и зрели јајце клетки. Со лесно!
Девојки овој пат навистина мислам ке побудалам , како треба да гласи извештај кај трансфузиолог ? кој треба да ми даде упат за трансфузиолог ? Дали може и матичен доктор ? Мојот гинеколог не ми дава упат за трансфузиологија , трансузиологот ми вели ние никогаш не сме давале таков извештај , навистина веке не знам каде да се обратам , ве молам за помош
Mene upat mi ima davano i opst maticen lekar a i maticen ginekolog, (mizerni se nasive maticni neznam dali od neznaenje ili ne sakat da se zamarat) nemam iskusrvo kako treba da izvleda izveatajot, neka kaze nekoja ckenka so takvo iskustvo,.
Каков извештај ти треба? За Клексани? Упат може да ти даде и гинекологот и општиот матичен. Да не нема термини, вечно се дефицитарни, убаво се разбравте со матичниот? Приоритетен нека ти даде ако не, било кој од двајцата и тоа може да ти даде, секако ако сакаат, бидејќи за тоа се ептен скржави..
Да , за клексан ми треба , но страшно е што мм беше кај трансфузиолог за да праша каков упат треба да ни дадат за да ни даде извештај и му рекле дека немале досега дадено такво нешто , искрено се надевам дека нешто не се разбрале , ке отидам на матичен бидејки гинекологов ептен не сака да даде упат
А која е причината што нејќе да ти даде упат? На сета мака и со ова да се расправа човек! Како бе неможе, па негова надлежност е, може нема термини, но МОРА да побара и да те услужи, ако е итно и приоритетен да ти даде. Ѕирни ти на нет дали имаш термини. Пуштам среќа општиот да не се занаса како овој
Си расте бетата, си расте бебуш, опушти се @emkaemka нема веќе приоритетни за Трансфузиологија преку матичен, не им излегува како опција системски... Тоа и самиот трансфузиолог ми го кажа, немало веќе за кај нив приоритетни. Само интерни приоритетни имало. @Milicka* матичниот гинеколог нека не се занесува, може да даде упат за трансфузиолог. Сега проверив има термини слободни кај речиси сите доктори, скоро ги пуштија. Ај што ме нервираат, како прости се однесуваат, човек да побудали.
Девојкии сите 3 јк. ми се оплодилеее среќна сум утре пак ке се јавам во 10 и сигурно ке ми закажат за трансфер
Мила пробај кај општ матичен,мора да ти даде упат,јас мојот од таму го зедов иако матичната немаше поим што како треба,погледни сега и на мој термин како има термини за закажување за да отидеш спремна кај матичниот, ако си од Скопје види кај Елена Петковиќ дали ќе најдеш термин или ако може да ти даде и приоритетен да отидеш во амбуланта на консултација.Биди упорна кај матичниот,мора да земеш упат,нервозите се големи ама издиши длабоко и пробај да искулираш,они немаат никаква емпатија.Среќно мила!!! Јас да прашам за мене,дали некоја правела инфективен скрининг HIV Hepatit B i C во Железничар,дали треба упат,колку чини и од влез каде се оди прво? Фала женски
Одлично мила, прекрасна вест, сега зависи докторот што ќе одлучи.Ти рекоа ли колку ќе стават во меше?Среќно до крајот,да имаш дупла среќа
Што убаво! Сите да продолжат да си се развиваат! Не треба упат, само лична карта може. Кога ќе влезеш, треба десно да одиш има скали за нагоре. Чини 300 денари вкупно, резултати за еден час. Мислам дека од 8 до кај 9:30 земаат крв.
Изговор е докторот не дава упат , ке отидам на матичен со нив мислам ке имам разбирање , видов бидејки не сум од Скопје има термини и во мојот град, имам заостанати 2 клексани додека го решам хаосов , да не може човек раат да почне процедура , овојпат сум со ескимчиња па од денес почнувам со клексани и стоп инекција и така