Нормално е да се зголемат јајниците, растат фоликулите. Не паничи, те молам. Ќе помине утре се', мисли на фоликулчињата и на јајце клетките што ќе ги извадат и оплодат
Ништо страшно, од стимулациите кај сите се зголемуваат јајниците и после се јавува боцкање, тоа е нормално, штом немаш друга мака, опушти се, а утре секако ќе се видите со докторот и ќе прашаш за се’. Сега моли се за што повеќе ембриончиња! hug:
Едвај завршив работа , и уште денес ке го променам матичниот , се надевам ке ми требаат уште долго време клексани , ти благодарам уште еднаш
Не знам шо им е филмот стварно!?! Еднаш побарав потврда за примени клексани, ко кој знае шо да побарав, никад нема да се обратам веќе за таква работа. Нон сенс. Не знам дали има некој асален од нив, за да завршиш работа ко чоек... Нема потреба да постои матичен гинеколог, државава ни никаква, треба да обезбеди механизам, со кој еднаш засекогаш ќе ја регулира оваа небулоза со матичните!
Девојки сакам да ја споделам терапијата што се однесува до мојот трансфер. Прво би сакала да кажам дека пункција имав во месец јануари, што значи дека во март имавме трансфер со замрзнати ембриони. Од прв ден од циклус почнав со Естрофем 3х2, Аспирин 1х1 и Имприл 1х1. Витамини Д3, К2 и Е, пијам веќе подолг период. 3 Бразилски ореви на ден исто почнав од прв ден од циклус. Трансфер имав на 18 ден од циклус, а 7 дена пред тоа, примав интралипидна инфузија. 3 дена пред трансфер почнав да боцкам Пролутекс 1х1 и навечер пред легнување да ставам Кринон гел. Вративме 3 дневни 7 и 8 клеточни ембриончиња. Сето погоренапишано уште го пијам и боцкам, плус од ден на трансферот воведовме и Клексан од 40 1х1 и Нивестим инекција која ја примам на секој трет ден. Фала му на Господ, а богами и на докторот стигнавме до позитивна, висока Бета и сега ми преостанува само да трпеливо да го чекам првото ехо. Ви заблагодарувам на сите за честитките и за убавите зборови, искрено посакувам да нема кој да пишува во темава.
Jas toa za kleksanite go spomnav pred nekojden na eden novinar zborevme zatoa oti lekovi ima preku fzom samo do peti vo mesecot i my go spomnav toa so kleksanite I oti tri ivf obidi za prvo dete preku fzom se malku oti taa terapija posle et se e na privatno nisto ne pokriva fzom
И ова со рефундација на Клексанот е крајно дегутантно, наместо да си оди со рецепта, се разбира по пониска цена, како и за другите лекови на позитивна листа, постапката е усложнета без потреба, да се акаш по институции и да докажуваш дека навистина ги имаш примено инекциите. Никој не е луд да купува и прима Клексан без да има потреба од тоа. Чудесна земја!!!
Паметни се знаеш колку се ќар од постапкава? Јас за второто не ги рефундирав бидејќи ги почнав од трансфер интребаше да лежам а не да се акам по документација, а сопругот требаше да зима денови од работа за да мо ги брка овие работи што не се баш едноставни, а термин за трансфузиологија имаше термин по 3недели. За второто инвитро собрав документи, но испадна дека се некомплетни бидејќи од трансфузиологија ме акнаа дека они не туку општ матичен можело да даде извештај. Нормално ми изгореа и не ги рефундирав над 30клексани, бидејки документите ги даваш на крај од кога ќе ги испримаш и тогаш ти кажуваат дека нешто ти фали или ако сакаат ќе ти најдат нешто па што сака нека е до потписи ги бројот дали се толку колку што е бројката на клексани не дај боже да згрешат нешто докториве. Има многу луѓе што не сакаат да се замараат или не знаат дека се рефундираат.
Постапката за рефундација е банална и комплицирана, токму затоа им одговара што на некој не му се малтретира да трча, па крева раце, а средствата (нерефундирани) остануваат во Буџетот.
Одлично мила,се поблиску си до целта.Едно или две вратени во мешето ќе биде твојата прва радост Ти посакувам да ти минат овие недели во уживање,а после да се префрлиш во труднички
Женски, Се работи за братучетка ми не е активна по форуми и не ни сака да се пријавува покрај мојава мака сакам и нејзе да и помогнам. Дали некоја од вас или ваша блиска која води постапка за инвитро или друг начин на оплодување без разлика природно, иуи и сл... пиела антидепресиви или седативи за време на постапката поради пост траумален доживеан стрес во скоро време. Доколку има дали постапката завршила позитивно и кои биле препораките од докторите, како се одвивала бременоста и сл? Доколку постот не е за тука слободно реагирајте Фала ви!
Јас сум една од нив - примив 305 клексани се на се.Во тек на целата бременост морав да се боцкам самата и на ум не ми пагјаше да се акам по чекални и амбуланти, подучена од искуството од претходната година кога имав спонтан и примав едно два месеци, па кога отидов во ФЗО за рефундирање, ме вратија оти не ми била постапката запазена Значи ја честив државата 30 кутии Клексани. Корегирајте ме ако грешам - околу 1000 евра ке да има, или грешам? Не можам да се сетам на цената оти тоа беше во 2016 година.