Девојко ај кажете ми како оди се по ред при пункција во њу борн.. прв пат ќе сум таму па не знам што како
Blagodaram, ke go povtoram za nekoj den, edned e vraten, malku razocar 4 kletocni, malku razocaruvacki bese se, 1 vraten, iako maski faktor bese problemot, na iznenaduvanje na doktorot koj mislese ke ima i za zamrznuvanje od 15, 2 porasnaa mnogu pogolemi od drugite, duri i on se cudese zasto, koga moite jajnici i cel reproduktiven sistem se kako sto on kaza se kako na 20 godisna devojka. 1 jk so direktno vnensuvanje na spermatozoid se oplodi.
Јас имав трансфер исто на 3 ден 4-8 cell embrio така пишува на извештајот а тестот го направив на 12 ден
Штом е вратен 4 клеточен, рано е за тестот, повтори го утре/задутре пак и без разочарување, пробај да бидеш смирена.
Кај Димитров. Со ивф нема брзање. Никогаш не се знае, особено првиот пат, кога докторот треба да те запознае, дали ќе се погоди терапијата, дали ќе има ј. клетки, како ќе се развива ембрионот....треба многу работи да се погодат. Биди трпелива, позитивна и секогаш спремна и на втор, трет обид...... но, дај Боже и од прв пат да ти успее. Ако не е успешно, можеш веднаш нареден месец да правиш на природен циклус. Впрочем, на природен циклус можеш секој месец да правиш, а на стимулиран може на три месеци (доколку се оди на приватно).
Кога се трга на пат наречен инвитро, прво куферот мора да се наполни со многу трпение, пари и упорност. Патот не е леден, нема кратенки, а уште помалку брзање. Тежок е, многу од нас наивно се надеваме дека од прва ке успееме, некои и успеале, но повекето пагјаме и повекје пати пред да стигнеме до целта. А убав е оти тагата оплеменува и на крај стануваме исклучителни мајки за кои децата никогаш не се товар, туку благослов и привилегија.
Со солзички читав, така е се како што напиша, и куферот е тежок за носење, одиш на пат незнаејќи кога и како ќе стигнеш. Со лесно на сите во постапка, ве гушкам.
девојки пункцијата ми помина во најдобар ред пунктирани ми се 3 јајце клетки утре треба во 10 да се јавам кај ембриологот да ми каже колку и дали се оплодиле едно ме интересира после пункцијата јас не го видов докторот е сега ме интересира дали вас ве прашуваа каков начин на оплодување сакате или самите ќе видат какво треба?кај нас нема проблем во семето едно ме нервира со плодност шо не кажуваат цени за трансферот знам парите не се важни важно е да е успешно ама како да знам колку пари ќе треба и дали ќе имам јас толку пари пошто реално со кредит сме и реално треба да се знаат цените
Ништо страшно не се плаши. Ако имаш 2-3 фоликули ќе биде без анестезија. Нема некоја посебна процедура. Те пунктираат чекаш некои 5 мин да ти кажат дали има јк и ако има остава материјал сопругот и после си одиш и чекаш да ти се јават.... Кај Влатко си или кај Тања ?
. Ако си на приватно нас ни кажа 1000 еур за трансфер , не сум правела за да знам , нека кажат тие што веке имале трансфер , за оплпдувањето си проценуваат самите ембриолози не му ја мисли за тоа , стискаме палци за 3 ембриони ***
Опушти се сега, не се оптоварувај, не си го мачи главчето, мисли позитивно и утре да ти јават дека сите три се оплодиле! Со лесно и успех!
@Prolet2019 јас на 8 ми ден имав негативен тест.на 12 ти ден имав 2 позитивни тестови и на бетата покажа. Не брзај повтори го тестот за 2-3 дена
Зависи за каков трансвер ке се одлучите,од 1600€до 3000€ има!стом немате проблем со семето според мене до 1600€ке те коста!срекно од срце
Ти ја пуштаме сета среќа на овој свет,да се оплодат сите три ,неизвесноста е голема,те прави уште повеќе плашлива,но сепак мора да си позитивна и да мислиш само на тоа дека на крајот ќе излезеш како победник и ќе станеш мајка
Еве што најдов на форумов, може и на некој друг ќе му користи: Трансфер на 3-ти ден поминати деновиод трансфер Развој на ембрионот прв ден Ембрионот продолжува да расте и да се развива, претворајќи се од 6-8 клеточен ембрион во морула втор ден Клетките на морулата започнуваат да се делат, развивајќи се во бластоциста трет ден бластоцистата започнува да се изведува од нејзината обвивка четврт ден бластоцистата продолжува да се изведува од нејзината обвивка и започнува да се припојува на матката петти ден бластоцистата се присврстува подлабоко во обвивката на матката, и започнува имплантација Шести ден Продолжува имплантацијата седми ден Имплантацијата е целосна, клетките кои ќе станат плацента и фетус веќе започнале да се развиваат осми ден HCG започнува да навлегува вокрвотокот деветти ден Продолжува развојот на фетусот и продолжува лачењето на HCG десетти ден Продолжува развојот на фетусот и продолжува лачењето на HCG единаесетти ден Нивото на HCG сега е веќе доволно високо за да се детектира бременост Трансфер на 5-ти ден поминати денови од трансфер Развој на ембрионот прв ден Бластоцистата започнува да се изведува од нејзината обвивка втор ден Бластоцистата продолжува да се изведува од нејзината обвивка и започнува да се припојува на матката трети ден Бластоцистата се присврстува подлабоко во обвивката на матката, и започнува имплантација четврти ден Продолжува имплантацијата петти ден Имплантацијата е целосна, клетките кои ќе станат плацента и фетус веќе започнале да се развиваат шести ден HCG започнува да навлегува во крвотокот седми ден Продолжува развојот на фетусот и продолжува лачењето на HCG осмии ден Продолжува развојот на фетусот и продолжува лачењето на HCG деветтии ден Нивото на HCG сега е веќедоволно високо за да се детектира бременост