Од кринонот е тоа, немај гајле. Мораш да движиш, и јас така низ дома само и до тераса бев (и уште сум). Не залегнувај само штом поминале 3 дена.
Здраво девојки,малце срекна малце надеш имам,циклусот после киретажата после 3 месеци ми се среди да речам на 27 дена ми дојде...ама затоа е тука мајкаа моја едно 2 месеци пијам домашен чај маточина офчарско торбиче невен жолт кантарион по 1 литро на ден и има резултат не сум само со таа мисла зошто мене 6 години ова ми се случува ....сега со бог напред и на сопругов да му се среди семето (олигоастхенозооспермиа)има ли од вас што све родиле здраво бебе со оваа дијагноза?др рече 3 месеци терапија за да се прочисти организмот! @Adams каква терапија имаше сопругот твој?
Кај нас беше олиго... пиеше сопругот 2месеџи сексовит форте пред ифв и ги откажа цигарите и имаше подобар резултат до ифв
Добар е и Профертил, само што е поскап, а кој и да е преперат, треба да се пие барем 2-3 месеци, за да има ефект. Kонсултирајте се и со доктор за терапијата. Меѓу другото, потребно е да се откаже од сите нездрави навики, доколку ги има. Да откаже цигари, намали кафе на само едно турско, да не носи тесна долна облека, никако туширање со жешка вода, да го контролира стресот, да има физичка активност, да избегнува лекарства, да преферира храна богата со витамини (овошје и зеленчук во изобилство), здрави протеини, вклучувајќи задолжително зрнеста храна и се разбира, доволно течности. И, секако мора да се оди со икси метода на оплодување.
Кај нас во ремедика беше астенотератозоспермија а систина Тератозооспермија а во плодност со DNA фрагмација спермограмот беше нормиотератозоспермија само 3% нормални бевме на уролог и ни препиша condensyl таблетки и му се поправи на 6% за 3 месеци а јас со слаб амх хормон 03 али сепак одевме со icsi метод и еве си чекам 3 ден од трансвер.. Дајбоже успех кај сите
На мојот сопруг не му беше дадена апсолутно никаква терапија. Директно отидовме на тесе со претходно направен хормонски статус
Праша за профертил да зема др таше рече не,па му даде биоастин,мотил,алпхасорб 3 месеци да ги зема,и контрола,за здраво да се практикуваме исхрана али стресот во себе го чува он е таков не е отворен тип да си ја искаже маката...али затоа се трудам да си го гледам расположен бидејки животот е пред нас!
Штом препишал докторот терапија, нека си ја применува, а ти труди се да го опуштиш дека не е единствен со дијагноза, суетата им се повредува, машкото его..., ама тоа е им е во природата на мажите, полека ќе се навикне на ситуацијата и ќе се бори. Ќе се изборите, само упорност и позитивна мисла. П.С., мислам дека некоја членка имаше споделено позитивно искуство за маж и’, од Мотилот.
Ајде, без разочарување пред време. И јас сум правела рано тестови, ама не секогаш покажуваат исто. Еден ден бледа линија другиот ден послаба или не се гледа, потоа се гледа.... Затоа правам повеќе тестови истиот ден. Сум се тешела дека е рано и така било.
На сите ивф се оплодуваа јк,ама др рече не квалитетни за здраво бебе плус макс метода...и само тоа мисли што се деси боже,ама јас борец сум читам споделувам мисленја и му докажувам дека ке биде кога бог ке стави рака...претходно земаше конденсил и биоастин...па здравје и мотил ке поможит...после 3 месеци се надевам ке има семе да се замрзни...така рече биологот стефан!
Луѓе во колку саат ја ставивте супозиторијата за празнење црева пред пункција? Едната сестра ми кажа во 17 а друга во 19 збунка сум Фала
Не знаев дека има таква работа таму. Во секој случај, не е лошо. Иако, не знам дали воопшто има потреба од тоа пред пункција, во другите клиники не даваат такви инструкции, затоа нека сподели искуство некоја членка од Борн. Со лесно да ти е!
И јас прв пат слушам, не знам од кога применуваат такво нешто во Њу Борн, иако не сум таму, ама и немам слушнато за ова. Сигурно е некој новитет.