Ова го најдов мила, најдобро консултирај се со докторот, па ќе споделиш. Ова се мисли заради Селенот, зависи кој пренатален препарат го користиш, колку содржи Селен, провери го тоа.
Девојки читнав дека кокосовото масло некои го користеле и за циркулација на матка, со нежни движења на стомакот на пределот кај матката. Дали некоја има искуство такво? Сакам да пробам малку да ја подобрам циркулацијата во неа што ке кажете сепак мислам не е штетно..!?
Можеш по едно, пишува да не се претерува, а всушност едно-две содржи колку препорачаната дневна доза.
Девојки а дали е штетно да се зема Gin Chia од Forever пред и за време на постапка? И кажаа на другарка ми по 3 капсули на ден но на кутивчето пишува консултација со лекар.
Девојки знаете ли дали имат важност инсеминацитее имам 2 неуспешни и сакам 2-3 месеци пауза да се стабилизирам ,паднав психички се преотеретив со мисли ... Денес бев кај матичната на редовен преглед за Пап тест и така ми спомна ,не претеруј со паузата затоа што ке помине важноста на другите инсеминации.
Убави девојќи ја преживеав пункцијата денес Извадиле 10 јк и сега се на оплодување.. Немам инфо колку се добри, утре ќе ми јават телефонски дали и колку се оплодиле.. држете среќа
Слободно направи си пауза, прави како што ти е тебе убаво. Првата ми беше во април мислам, а втората накај септември-октомври. Никаква важност не ми изгубија, ми одобрија ваучер. И јас имав потреба да одморам и да го направиш тоа ако така се осеќаш.
Фала Оли на информацијата,ме зачуди докторката со тоа што ми го кажа. Јас не се откажувам,секако мора да го одиме патот да се бориме,но немам сили ,психички паднав осеќам дека имам потреба од пауза од се. Па со Господ напред кај сите до успех и да бидеме мамички . Честитки до сите со позитивна бета уживајте во најубавите денови
Одмори се слободно. Првата инсеминација ми беше во декември 2017,втората во март2018, крај на јуни поднесовме документи за ивф, ваучерот стигна првата недела од август, а го активиравме во ноември. Имаш време, земи си одмор колку што ти е потребно.
Да се оплодат што повеќе и да добиете квалитетни ембриончиња, да имате и за ескимчиња, ама за трето дете. Ти посакувам успех!