Слободно земи си време колку ти треба,телото мора и од хормони да се одмори,а за важност,немаат исто како и ХСГ-то,еднаш ги правиш,тоа ако ти е подоцна за ин-витро.Секое добро Одлична бројка,сега издиши се малку ,па ти следи најубавиот период,патот до мајчинството
Фала драга. Кај др. Татјана во Њу Борн @Queen8 @Sienna_MK Ви благодарам многу ! Сите да не прати успех и среќа сме заслужиле !
Не сум сретнала ваков податок, но некои доста веруваат во својствата на кокосовото масло и го користат за најразлични цели. Не верувам дека би штетело нешто, доста трудници се мачкаат баш со кокосово против појава на стрии, така да слободно ставај и масирај се, уште подобро мажето и ако те масира Не зимај ништо на своја рака, прашај си го докторот за мирна глава
Честитки до сите нови трудници, да имате здрава, лесна и успешна бременост! Со среќа на сите во постапка! Во Ремедика ми даваа по едно Билакс чепче пред пункција, да се употреби вечерта околу 19 ч. Во Њуборн не знам дали они ми кажаа или јас сама прашав дали може, ама знам дека употребував исто. Во Систина не ми кажаа, но јас според предходни искуства си купив Дулколакс, пошто Билакс изгледа ги нема веќе. Предходно на ГАК кога правев лапараскопии, за првата ме примија вечерта предходно и ми направија клистир, а за втората ми рекоа супозиторија дома, вечерта пред интервенција и сабајлето гладна и жедна. И како и за пункција, лесен ручек и после вечерта бистар сок и вода. Мислам сокот најкасно до 22 часот смеев, ама не памтам баш, да не ве лажам. Во секој случај се практикува и за пункција, според мене бидејќи секоја интервенција може да тргне по друг тек, да бидеме спремни. Ова е моја претпоставка, бидејќи чим прават и без прочистување, ми изгледа логично дека не влијае толку на прегледноста при пункција. Мене ми изгледа ОК да се пристапи сериозно на пункцијата, сепак е интервенција, посебно кога е со анестезија. Би требало и анестезиолошки преглед да има пред пункција, мене нигде не ми направиле, само во Систина ми стоеше како посебна ставка во сметката, не дека го имав, али барем им текнало дека треба, па го туриле у сметка. Не е баш дека до толку не мислат Ама ајде, нека сме ние здрави и живи и да имаме успешни ин витра, тоа е најбитно
И на мене ми кажаа Билакс за пред пункција во Њу Борн сум, но веќе кај нас не ги носат па заменски со ист состав земав Дулколакс Аненестезиологот само ме праша дали претходно сум примала анестезија и дали сум алергична на нешто. Друг преглед немав Се ќе издржиме.. целта ги оправдува средствата За бебуш има да се умира ако треба машки
Со лесно да ти поминат деновите што следат мила, а за две недели да не’ израдуваш со многу висока бета!
Јас прочитав некаде дека пред трансфер масирање со масло од костен. Зошто да не и со кокосово. Само незнам дали после трансфер. Тоа прашај за сигурно.
Баш те мислев мила оти те немаше долго време мене само пред хистероскопиите ми правеа анестезиолошки преглед
Јас се масирав со рицинусово масло пред ивф се масирав од пети ден од циклус до 12 ден повеќе не се препорачува има на Јутуб масажи за плодност
Од 20 фебруар се боцкам со пролутекс веќе 6 недели иглите не саакт да влеваат тешко одат му се има ли случено исто на некој? Денес едвај се боцнав кожата ми станува тврда сува и ми се лупи
Нормално е од Пролутекс, смени место на боцкање, кај што не си боцкала, ако си боцкала во стомак, смени во рака, можеби малку повеќе ќе боли, ама подобро да го одмориш местото.
Па незнам дали ќе можам сама во рака на стомак сама си се боцкам а вака ќе.треба некој да најдам да ме боцка