И тебе со лесно нека ти е девојче, уживај во деновите што следат и за две недели те чекаме со висока бета!
Здраво девојки, се надевам има убави вести, посакувам на сите среќа. Ме интересира дали сум едиинствената која има проблем со добивање извештај за клексани (за рефундација)? Треба да примам пред трансфер, бидејќи имам мутации, и ме маткаат од трансфузоолог, на гинеколог специјалист, сите си ја префрлаат топката и никој нејќе да даде извештај. По ново не смееле да даваат на трансфуз., само за трудници. Заглавена сум во лавиринтот на нашето здравство, а за 2 недели треба да почнам да боцкам клексани. Како поминал некој сега во брзо време со оваа проблематика, извинете на замарање, ама незнам каде да се обратам. Имам извештај од прошла година дека треба да примам клекс.од Петковиќ, дали врз основа на тоа и на мислење писмено од Трајковски може да ми дадат извештај и кој? Ви благодарам!
Мила јас пред 2 недели се јавив за цени ,бидејќи ќе правам ин-витро на природен циклус,ми ги кажаа овие цени: пункција 24 600, оплодување 18 400 и трансфер 12 300 ,ми кажаа дека цените се сменети
Дај некој нека превземе нешто да ги пријави лекариве, не е ова прв случај ладе што не сакаат да дадат извештај за рефундирање не разбирам кој им е филмот. И мене трансфузиологот во нашиот град ме одби, можело и гинеколог да ми пише. Добро е што тој ми пиша ама си призна дека трансфузиологот им велел да не пишуваат, бидејќи било на слепо не секој требало да прима. Нека си ги средат и координираат лекариве, едни што го правиме ин витрото велат треба, а другиве не даваат. Или нека признаат од доктори за неплодност или нека ги спуштат малку овие вториве. И предходно тука се пишуваше и од други членови и корзо се жалеше и уште многу други дека се заглавени во тој лавиринт. Ај кога имаш време ќе одиш и во друг град некој ќе се сожали да ти пише ама кога ти треба во истиот ден, како? Башка требаа ли бремена жена или жена во постапка што треба да одмара да се малтретира по тие врати? Не се нормални, ова мора да се пријави!
Ова не е ништо ново, да се изживуваат вака, може да дадат извештај на Трансфузиологија, не знам зашто не ти даваат. Не можеш да завршиш работа со стариот извештај и со извештај од Трајковски. Мора да се јавиш кај трансфузиолог, непосредно пред почнување со боцкање, но со извештај од Трајковски, па врз основа на тој извештај, ќе ти дадат трансфузиолошки за Клексан.
Икрено не знам како е...единствено знам дека заедно со 12300 за трансфер денес плативме 60000 ...само нека биде се во ред
. Јас го имав истиот проблем со трансфузиолозите , и со матичниот , сега некако завршив работа на интерно но така ке може да терам до тест , после тоа ако е се во ред ке морам да барам чаре , па на крај краева ке си пријавам во фонд , дај Боже да успеам па после ке видиме како ке биде .