Ви благодарам девојки. Утре одам пак на трансфузиологија кај Петковиќ, ќе пренесам искуство позитивно се надевам, како и да е работава е заплеткана
Јас ќе одам кај неа на 23 април,нели може она да ти пише извештај,нели е тоа нејзина работа а не на докторот што ти го води ИВФ?
Околу аспиринот. Јас пиев од 75 ама ми ги имаа донесено од Англија После тоа нарачував да ми донесат од германија и грчка и ми ги донесо под друго име. Од германија И од грција Не сум медицинско лице ама претпоставувам тоа е истиот лек штом во аптека им ги даваа. Јас не стигнав да ја прашам докторката што ме водеше зошто во меѓувреме ми фи укинаа. Ако на некој му треба овие грчките имам три неотворени пакетчиња можам да ги подарам (германските им истекол рокот) Објаснувањето беше дека ова е посоодветна доза за трудници иако и 100 не е страшно
Acidum acetylsalicylicum ова е генеричко име,ако така пишува на кутијата би тербало да е тоа тоа.Искрено мене ми ја препиша Петличковски па ако не се јави уште некоја јас би ја земала од тебе
Нема проблем. И онака ми стојат дома, а не ми требаат. Жално е и тие да пропаднат како овие другиве. Со задоволство ќе ги подарам. Ако се решиш пиши ми лп ќе се договориме
Девојчиња јас сакам да ве прашам, денес имам повремени менструални болки и една капка темна крв 14ти ден од трансфер ми е а сабота треба да проверам бета дали да проверам утре и да звонам кај докторот да му кажам? Или да почекам до сабота? Инаку веке 20ти ден сум со кринон гел и друга соодветна терапија..
Мила ти можеш уште утре од сабајле да си направиш тест преку крв а и домашен тест преку урина.Јас мислам дека поради прогестеронска терапија може и да не ти дојде одма ако од тоа се плашиш.барем мене ми касни и по 7 дена.Ајде утре израдувај не со висока бета
Ви благодарам многу. Ќе ви пишам сабајле што ќе биде... Ме фаќа страв признавам.. Од ништо до сега не се плашев не знам што ми стана сега
Смири се душо, не си прави стрес дополнително, утре ќе го знаеш исходот, ти посакувам да е позитивен.
Така би требало да биде, ама по ново многу тешко даваат и трансфузиолозите, ја префрлаат топката кај гинеколозите. Се надевам ќе успеам
Јас пред некој ден пратив маил на Милена за во нејзината емисија.Незнам кога ќе биде и дали ќе биде објавен проблемот.Ако го стават во емисија фаќајте слушалките и да ѕвониме сите.Стварно е малтретитање.
Девојки јас секое утро пијам чај за добро утро на Nature ..дали да продолжам да го пијам ..во состабот има црн чај портокал и ѓумбир
Јас прашував за кафето бидејќи обожавам кафе.. но поради кофеинот ми рекоа подобро било да го избегнувам. Црниот чај исто има кофеин не дека строго ми забранија нема правила, јас ќе пијам по едно мало турско преку некој ден, и ќе заменам со без кофеинско кафе Наутро пијам чај од брусница на франк без кофеин е со малку мед. Пробај го многу е вкусен помага против инфекции
Црниот чај е многу јак, не би ти препорачала да пиеш. Можеш да си пиеш какао, по едно на сабајле, најдобра варијанта во замена за кафе.
Девојки завршив со извештајот за рефундација на клексани, Елена Петковиќ господ здравје да и даде. Имав и мислење писмено од Трајковски. Малце ми е чудно што горе пишува Упат, ама ваљда ова е тој фамозен извештај, со ова кај матична рецепт да даде така и после аптека? Инаку и Елена беше запознаена со овој проблем, јасно и беше низ какви перипетии поминуваме за рефундација
Супер мила,битно си завршила работа,фала ти што сподели да знам дека и јас така ќе дојдам до извештај.Ова стварно не е фер што се прави,сепак ние сме пациенти и зависиме од нив,во секоја смисла.Мила кој ти ја препиша терапијата Елена или Трајковски?.....и јас сум кај него