Браво што си завршила работа јас завчера од кај јани добив сличен неможам да го сликнам сега не сум во мк... со тоа што ми кажа да отидам пред трансферот да почнам со клексани а сега сум на аспирин и метилирана фолна со б12....и од таму треба право кај матичниот кај што ќе се боцкаш ќе ти треба и потврда дека те боцкале ... и кога ќе ги купиш сметкопотврда така ми кажаа мене... ии ајде со позитивен резултат наскоро...
Нека пише за точно некој ѓто рефундирал но за во мојов случај ми рекоа пред трансферот да отидам по извештајот бидејки не го правам сега туку за месец денна ... потоа истиот ден да се јавам кај матичниот за рецепта за да ме внесат во систем за подоцна да ми дадат потврда за боцкањето а инекциите да не се купат пред датумот на извештајот
Мене така ми беа со ист датум. Некои пишуваа дека можеш да ги купуваш периодично неморало наеднаш, ама бројот мора да се согласува со тој на извештајот.
Немора да биде од истиот ден од кога е извештајот,може да биде и наредниот ден, битно е да не е купена терапијата пред извештајот, затоа што во тој случај нема рефундација. Со лесно нека ти е постапката, и дај боже да не израдуваш со висока бета. Секое добро
Мојата бета е негативна 0.01 е сега што е тука е. Продолжуваме со нови сили се додека не ја постигнеме целта
Да, таа е постапката, битно е да не се купени инекциите пред датумот на издавање на извештајот, те внесуваат во систем кај матичниот и после ти даваат потврда, рецепти не мора. Потребен е извештајот од трансфузиолог, потврдата од матичен и фискалните сметки со сметкопотврда. Инекциите можеш да ги купуваш по колку сакаш.
Жал ми е.. сочуствувам со тебе ! Најди сила за да продолжиш понатака.. тежок ни е патот ама од него нема назад додека не успееме.. Каде го правеше ивф?
И на мене ми беа кажале трансфузиолозите за фраксипарин да се советувам со гинеколог ама јас им кажав само оти гинеколозите не се разбираат од хемостаза од ддимери они не се специјалисти затоа туку вие и после тоа немав никаков проблем од нив
Не се разочарувај девојче, исплачи се, олесни си ја душичката, дај си одмор малку и со нови сили мора да продолжиш понатаму! Кое ивф ти е по ред? Знај дека само упорните успеваат, а сите немаат можност да успеат од прв пат, ова мора да го прифатиш како реалност и да веруваш дека следниот обид ќе биде вистинскиот и успешен! Меѓувреме, можеш да си направиш испитувања, ако не си ги направила до сега, за да ги отстраниш можните пречки. Биди храбра и упорна, ќе успееш!
Мила немој премногу да се нервираш,исплачи се за да ти биде полесно,изгушкај се со сопругот и главата горе,ова е сепак само една изгубена битка
Mnogu mi e zal najdi sila za da prodolzis ponataka patot e mnogu tezok ama od nego nema nazad dodeka ne uspees
Денеска запознав прекрасна личност, едно големо БЛАГОДАРАМ до @Ano која ми подари аспирин од 80 мг и ме спаси од малтретирање Девојки, нема откажување,заедно сме посилни во оваа битка!!!
Не ми се плаче па се прашувам дали сум нормална? Како спремна да го дочекав сето ова не знам како да кажам. Едноставно се се случува со причина па верувам дека и ова се случило со некоја причина Ви благодарам на сите за поддршката од срце ви посакувам успех и позитивна бета. Сите ќе успееме со верба и упорност.
Само храбро мила, така треба, да си ја задржиш позитивната енергија, која допрва ќе ти треба, и тоа како! Само храбрите и упорните успеваат, ќе успееш и ти!
Денес го слушнав најубавиот звук во мојот живот. Срценцето на моето јуначе. Душа мајкина почнало да се оформува. Дај боже сите што поскоро да си го дочекате ова чувство.