Браво мила, со лесно да ти помине постапката и да заврши со успех! Април е убав месец, делува позитивно! f:
Спермограмот е добар само сигурно има некоја бактерија со овој резултат ке ве упатат на уролог за спермокултура да се даде терапија..
Девојко нели си тргнала по овој пат, не оди во други насоки т.с Прво правило биди послушна на терапијата. Голема одговорност е Докторот ако знае за ова дека си заборавила да се боцнеш ке ти каже само едно не си спремна за ова.. Јас сум кај Таше тој ме води затоа ти велам знам како би изреагирал... Извини али одговорност е овој пат и тоа голама за да стигниме до целта пред се мора да сме послушни.
знам се ама заборавив мислам дека од едно нема гајле и дека нема да дојде до несакана последица се надевам премногу сум вознемирена овој период и затоа заборавив се надевам дека нема да се наштети денес ми е 4 ден значи вчера беше 3 ден од ембриотрансферот си велам рано е за да не дојде до успешно инвитро
Последица не верувам дека ке има но внимавај и немој да си вознемирена тоа би имало повеке последица гледај си филмови комедија и уживај и терај си ја терапијата... Јас така правам и за 3 дена ке правам тест
Не се напнувај девојче, тоа е веќе минато, не си прави непотребен стрес, секако си покриена со терапија, ставаш Кринон, на пример, некои воопшто не боцкаат Пролутекс, па имаат позитивен резултат! Ништо не е една пропуштена инекција, секако имаш концентрација од претходно примените. Олабави се сега и мисли позитивно!
Мила со лесно да ти врви бременоста се до крајот,да ти бидат полни рацете,децата се нашето богатство Фала ви милички мои на позитивната енергија која ми ja давате секојдневно,да ја раздвижиме темава со позитивни тестови месецов,Господ е голем и ќе ни ги наполни рацете со бебуши
@maremaca29 честитки! Имај лесна бременост @Milicka* со среќа трансфер, сега одмарај и уживај, опуштено и релаксирано до висока бета! Јас да се пријавам дека почнавме со стимулации од вторникот, примам мерионал инекции (3х75 IE) секоја вечер, во недела сум повторно на преглед и хормони. Супрефактот исто така се уште го примам но во намалена доза. Освен благ притисок во стомакот и мала подуеност не чувствувам ништо друго... Сестрата ми рече дека е нормално тоа, битно било болки да немам што би биле индикација на хиперстимулација...
Со лесно да ти поминат боцките, да извадите што повеќе зрели и квалитетни јајце клетки, од кои да се оплодат што повеќе квалитетни ембриончиња, да има и за ескимчиња, а едно или две да си растат кај мама во меше и за 9 м. да се гушкате со бебуши! inlove:
Здраво девојки, имам останато 8 парчиња кринон гел. Ако на некоја и требат нека ми пише да и пратам. Поз до сите кој што сте во постапка инв и оние кои сте бремени и нека Господ ве израдува сите со полни раце деца.