Еве, нешто што најдов, на 10-ти ден дека е нормална вредност 38, а твојата е толку. Ако овде е пресметано од ден на овулација, во ивф постапка се рачуна од ден на пункција или трансфер. Значи, во секој случај вредноста е нормална според табелава.
Мене ми беше 33.3 на 8 ми ден од трансфер,така да мислам е ок,не се секирај... Инаку да прашам тие што сте во постапка од естрофем дали имате тегоби на стомакот или нешто друго е, мене желудникот ме искина ...
Јас имав болка во желудник и нелагодност кога почнав но може не е до тоа, ми помагаше двопек сеуше пијам 3*2 и немам тегоби , може не беше од него ***
@Feya ,мила ти посакувам да се дуплира бетата,иако сеуште е рано ,сепак немој да се обесхабрувашТе чекаме во понеделник да ни потврдиш дека си бремена
Баш ме чудиш, јас последна пункција имав во Ноември и платив 12.000. Ако го покачиле дупло, срамота ! Искрено се надевам дека си грешка, за наше добро П.С сега гледам на нивниот сајт цените не се сменети, ПРП е сеуште 24.600 да не сте помешале со тоа ? @Лаура82 срцка моја овој пат ти ја праќам цела среќа на овој свет за да успееш
Ти благодарам тебе и на сите за поддршката. Искрено се надевам дека ова ќе прерасне во убава бета и успешна бременост. Тежок е патот што го минуваме и се надевам дека сите ќе добиеме барем по едно бебенце
Мила тоа се цените што ми ги кажаа,се надевам дека е грешка,мене лично не ми е логично пункција да е поскапа од оплодување.Дај Боже да дојдам до крајот ,па ќе пишам дали ги смениле цените
Девојки 10 ден од трансфер незнам дали е точен многу бев вознемирена и незнам дали исправно го направив ама сепак ке направам пак на 12 ден и на 14 бета
го имам земано и јас овој тест, малку е непрактичен и збунувачки. но не е позитивен, почекај некој ден или повтори со друг тест. ако ти е ембрионот на трети ден, почекај.
На 3 ден ми е вратен офф си реков ке покаже ама јас може и го упропастив малку сум го потопила погоре од цртата и незнам
мислам дека е рано да покаже на овој тест. тестот ми е сомнителен, сум го користела и секогаш со недоверба. незнам кој да ти препорачам, еве нека се јави некоја со искуство, со две цртки, за каков да земеш