@Лаура82 @Queen8 @Недопирлива5 @Оли, благодарам убавици! Да се враќа кај сите, сите да се радувате! *
Не си прави стрес мила, ако сакаш направи си и друг тест, земи го со резерва резултатот, или направи си утре со прва утринска, па пак ќе си го повториш.
Честито и лесна бременост. Се радувам ко за себе! Ти пишувам, а ми минуваат морници и солзи ми капат врз пораката - ми ги врати спомените кога пред 3 год на денешен ден и ние ја дознавме убавата вест. Малата се роди на 30.11 со царски и еве ја ми скока на раката дур пишувам. А, заради неа сега се бориме за второ. Уживај во бременоста, искуството е неповторливо!
Ти благодарам Дуња Дај Боже да биде се во ред до крај, да се израдуваме после сите маки! Еве и јас се натажив, што се не поминавме, ни рекоа дека никогаш нема да бидеме родители Мора човек да се бори, мора да биде јак и да верува! Да ви е жива и здрава малата, да се радувате повторно да даде Бог
Овој му го дале на маж ми во Битола од плодност му го препорачале, пишува на упатство дека е стрикно за инвитро и покажува од 7 ден на трансфер со едниот тест а другиот да се направи одкако ке касни 1 ден
Уф ме расплакавте и мене , се надевам и јас еден ден ке ги видам тие фамозни две црти после толку солзи и страдање дедо Боже да ни даде сила на сите кои сме во оваа борба
6 ти , никакви симптоми , само гасови па дури и градите послабо болат, но што е тука е , останува сепак да почекаме уште некој ден
Мила мојата и твојата ќеркичка ќе слават кажи речи на иста дата роденден мојата се роди пред 4 месеци на 29 ноември а за второ Др ми рекоа да не се мачам повеќе а ако сакам веќе толку после две години од царскиот рез да пробуваме за второ дете
Не е некое правило дека мора градите да болат, многу членки имаат споделено искуство дека немале болни гради воопшто, а и рано е за симптоми, мисли позитивно и остани смирена!
Само нека се живи и здрави и нека ги чува дедо Бог, се друго ке биде. Инаку, можеби ниту јас не би помислиса на второ, бидејки првото го добивме по 15 год брак и 10 год по чекални, амбуланти, лаборатории, операциони сали...Но, некаде прочитав дека во ивф и 10% шанса е голема можност, а се почесто гледам парови кои се обидуваат и за второ или трето со ивф и успеваат, се решивме да се обидеме уште еднаш на малата да и подариме семејство. Не знам на која мисла си, но ако ме прашуваш за моето скромно мислење, тогаш мислам дека вреди. А, никој не рече дека ке биде лесно, нели?