Чекаме мила, зошто толку многу? Цели 3 часа да чекаш, за бета за еден час е готов резултатот. Зависи од лабораторијата, можеби таму поспоро оди.
Во помалите градови крв земаат до 11:00 ч , во 12:00 ја вклучуваат машината и тек после 13:00 излегуваат резултатите . Освен за некои испитувања за итни случаи , тогаш одма се вклучува
Може, да, ама баш ме зачуди, знам дека брзо е готов во другите. Ова заради возбудата да е поголема, дур се чека резултатот.
Имаше гужва систематски преглед од приватна фирма и затоа може подоцна резултатот ... Моја среќа како и да е чекаме.. А и точно е тоа што @Bubce38 го потенцира така е во помалите градови..
Направив утрово и пак бледа линија и се слушнав со сестрата од плодност ми рече има цртка само направи Bhcg за сигурно
Еве јас да пријавам негативен тест , не знам дали ке продолжам да се борам понатаму. Ви посакувам високи бети на сите
ќе се караме. колку што паметам трансферот ти беше прошла недела, да не ти е рано за тест?! каков правеше?
Ќе продолжиш.. уште појака !! Тоа што нема да не убие.. ќе не направи појаќи !!! Јас нема да ти дозволам да се откажеш жено.. Имаш замрзнати ескимчиња што чекаат на тебе.. Тука сум со секаква подршка знаеш..
Нееееее,какво откажување!!!!! Уште не си ја истерала неделата до крај за да бидеш сигурна дека е негативен.Емоциите се помешани но надежта последна умира.Биди силна до крајот и израдувај не со висока бета!!!
И плус на 3 ти ден и се вратени ембрионите... јас и предложив да не ја прекине тарапијата и да повтори пак за два, три дена.. дај боже да е грешка и да е рано...
Девојки еве го мојот со ниски вредности на 13 ден го покажав на сестрата ми кажа ниски се вредностите уште два дена да ја терам терапијата па пак проверка тест кажувајте има ли можност да расте вредноста за 2 до 3 дена
Прво, рано си го направила тестот. Но, каков и да излезе резултатот, не смееш да се разочаруваш душо, нема откажување. Штом имаш ескимчиња, не смееш да помислиш да се откажеш. Тие те чекаат тебе. Одмори малку, собери сили и само напред. Ќе дојде и твојот среќен ден. Кај кој доктор го правеше ивф-то? Се разбира, ако не е тајна. Што имаше терапија после ет?