Женички денес беше мм на уролог затоа што на спермограмот имаше присуство на еритроцитна маса. Треба да прави спермокултура па според тој резултат урологот ке му дадел терабија.Но мм не прашал како се прави,а и досега немаме правено спермокултура само спермограми правевме. Па прашањето ми е колку денови не треба да се има односи пред да се прави (дали се прави на начин како и спермограмот) Се извинувам што ве замарам со вакви прашања али навистина сум како изгубена
Спермокултура не е поврзана со количина на спермална течност и нема потреба од апстиненција.Инаку на ист начин се остава материјал за испитување но резултатите се чекаат неколку дена
Иако е мала вредноста сепак мислам дека постои шанса да порасне бетата.Терај си ја терапијата уште некој ден и петок направи пак за да видиш дали ќе расне
Лелел бе жени денес многу лоши вести.. да не ни се повтори ваков ден на форумов веќе никогаш !!! Ќе успееме сите.. трпение.. спасение...
какви лоши вести, не те разбирам. погоре бодриш дека рано се направени тестовите, а сега да не се повтори денот. не разбирам.
Ви благодарам на сите, иако не сум ич надежна , трето по ред ми е и се вака рано правам тестови , првото ми беше успешно и покажа висока бета на 10 ден , ке продолжам уште 2 дена за секој случај , иначе правев кај Петановски па ме интересира доколку некоја феминка е запознаена за естеофемот , примав 3*2 а сум немала проблем со дебелина на ендометриум , дали можеби и тоа има врска , зборувам лаички де , а од терапија примав : клексани , метилирана , естрофем , пролутекс , кринон, аспирин ,метформин , витамин д , витамин е , и б 12.
@Milicka* во принцип го даваат на сите естрофемот после пункција, а при замрзнати ембриони задолжително и порано. ја секогаш сум примала. годиништа наназад кога почнував со ивф, уште на денот на пункција ендометриумот ми беше 10-11 мм (во шемата докторот ми бележеше), и тогаш примав естрофем но послаба доза 2х2, а последните обиди ми е потенок, па затоа и појака доза 4х2. кај пријателка моја, имаше успешно ивф, а воопшто не примаше естрофем. кај тебе колку беше?
На трансфер не ми кажа , а на контролата ми беше 9.5 тоа беше 10 ден од циклус и продолжив со естрофем се до денес со иста терапија , и јас имам пријателка без естрофем остана трудна исто на природен циклус, затоа велам не сум стручна за да проценам затоа прашав можеби некоја знае повеке од мене
знам те разбирам, си ја преиспитуваш терапијата . супер ти е ендометриумот. се би дала за таков ендометриум на 10 ти ден.
Многу е ниска што да правам незнам за да се покачи и наглава да стоам офф бе доста ми е веке од негатива
Жал ми е Луни,56 ми беше вредноста,па биохемиска бев.дај боже да порасне, но кога мојата им ја покажав беа скептични,не прекинавме терапија но наместо да се дуплира,таа се намали по 2 дена на 27, па на 14 и добив циклус.дај боже јас да грешам
Покриена си целосно со терапија, ова за Естрофемот не би требало да е грешно дозиран, многу често при трансфер со замрзнати, членките примаат 3х2, сигурно докторот проценил колку треба да препише. Во Ремедика имам читано дека даваат инекции Нивестим, кој влијае на леукоцитите, телото да не го исфрли ембрионот како страно тело, дали примаше ти такво нешто? Можеби би било добро да се вклучи следен обид, иако не сум доктор, не би сакала да прејудицирам, ама добронамерно за ова ти спомнувам, за да се исконсултираш со доктор. Во други клиники на пример, даваат Декортин. Единствено на тоа ми текна, покрај терапијата што ја примаш.
Jas piev estrofen 2*3 I ednas 2*4 vo den edinstveno dekortin si mozela da primas plus, napravi screching pred sleden transfer