Остани смирена, биди спремна на каков и да е резултат, а нормално дека сите посакуваме да порасне бетата. Можеби и ќе биде така, ако имало подоцнежна имплантација, се’ е можно.
Здраво имам едно прашање.Правев ивф и на 20 Март ми беше трансферот имам две близначиња фатени. И сега имам некаков кафеав исцедок и бидејќи ставам кринон гел ми излегуваа како грутчиња и конци темно кафеави. Вчера имав малку е црвена крв кратко и денеска малку ставив прогестерон инјекција. Матичната ми вика со плодовите се е добро високо се вгнездени во Матка ама не знај да ми кажи од што е предизвикано крварењето.Со Др што ми правеше ивф дури понеделник треба да се видиме да не одам на секое туку кога ќе има срцева акција. Дали некоја имала ваков случај со крварење ?
@Luni едно не ми е јасно!!! Како бетава ниска ,а тестот покажува позитивен? Ако вредноста е толку колку што е не верувам дека тестот би покажал позитивен и тоа сите 3 теста што ги правеше досега...дали таа лаботаторија дава точни резултати ??? Или не дај Боже опаѓа..А да направиш на друго место?
Па незнам покажа цртка и денес многу бледа ке ја примам терапијата уште 2 дена и пак ке правам тест ама дирекно во битола бета ке направам па ќе видам на што сум незнам зошто ама уште имам надеж...
А го имаш ли тестот од сабајле? Ако го чуваш, испрати слика да видиме. Стварно е чудно, штом покажува втора цртка, макар и бледа, не е логично толку да е ниска бетата. Зарем е можно да прават такви грешки лабораториите?!?! И на Meckicja и’ беше згрешен резултатот еднаш.
Дефинитивно има втора црта..можеби си имала доцна имплантација...повтори бета за 2 дена..чудна работа е оваа
Ама имам болки мали во јајниците гради ме болат и сето тоа и му кажав ги кажав симптомите на докторот и слика пратив на сестрите и тие кажаа има цртки само провери бета докторот тој се чуди многу е ниска бетата не би покажал ни на тест ова бета и затоа ми рече за 2 ден пак тест и дојди тука ако нема цртка да се прекине терапија ама јас не правам тест во петок право одам во плодност
Оди директно во Плодност, не прави на друго место. Дефинитивно има втора цртка, без разлика што е бледа, се познава добро.
Луѓе бледа е линијата, Луни истиот муабет и мене ми го кажа докторот, или паѓа бетата или е почетна. По 2 дена ќе знаеш дали паѓала, од новата бета. Не да е тешко,претешко е.секој ден плачев и плачев, но помина. Мораш да ја кренеш главата горе, позитивно е тоа што за првпат виде позитивен тест и бета.матка памти, следниот пат може и природно да е позитивно. Те гушкам Спојлер мојот тест на кој многу се израдував, за краткопрвична бета 56 Девојките се тука супер, охрабруваат и даваат голема подршка и сите посакуваме да е позитивно, но кога е ниска бетата, стварно е нискаизвини
Така е, ниска е бетата, тоа е факт. Само што ниска е бетата за да има црта што се гледа. Како и да е, бетата мора да се провери повторно.
Оваа слика ми дава надеж од наша феминка до 13 ден сите цртки бледи а тек другите два дена добива две темни @skorpija
 знам дека си во право потполно за да не се разочарам после ова уште повеке, сите го сакаме истото а тоа е позитивна бета висока и дајбоже да бидам јас таа која што ке докаже дека има надеж и со ваков случај дајбоже, жал ми многу што и ти си го поминала ова дури твојата бета била многу повисока од мојата оффф ајде јас мислам доста е да се тешам во право си да не си даваме премногу надеж и да собираме сила за понатаму