@Nora.A многу убави вести сподели со нас на многу убав ден, честитки мила, да си имаш лесна бременост до крај... @Luni мила, од срце посакувам утре да споделиш со нас дека твојата бета расте, стискаме палци за тебе @Melek 36 со лесно нека е, дај Боже со плод да заврши Нас ни закажаа пункција во сабота наутро, а вечер треба да ја примам стоп инјекцијата. Од што бев превозбудена ни видов ни прашав колку фоликули имам... Се надевам ќе има добра бројка. Ова е момент кој влева многу надеж, носи радост и возбуда... но и страв истовремено. Прво ивф ни е, прва пункција, се надевам дека добро ќе биде.
првото ивф, лазаревски, вратени 2 ембриони на втор ден. што е спорно? докторот најдобро си знае, во координација со ембриолог. Да зборуваме од искуства, а не наши претпоставки, подобро ќе да е.
Врз основа на искуства не е убаво да се деградира работата на еден доктор . Овде има членки кои одат во Систина каде веќе зачести враќањето да биде на втор ден ( во зависност колку добро ќе се развива ембрионот ) . Еве и јас ,иако не успеав последниот пат ,следен пат пак би го послушала мојот доктор да вратиме на втор ден . А бидејќи од тебе прочитав дека докторите не се арни што враќаат на втор ден и прочитав дека НЕ СМЕЕ ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ да се прави ет на втор ден ,затоа дојдов до заклучок дека можеш со факти да го поткрепиш напишаното од твоја страна
Прво и успешно да е! Со лесно пункција и да извадат убави јајце клетки и што повеќе да се оплодат. Дозволена е таа возбуда, оправдана ти е Само напред!
Со лесно девојче, да извадат што повеќе зрели јајце-клетки и да се оплодат квалитетни ембриончиња, за 9 м. со бебуш/и во раце! Не се грижи, пункцијата е многу лесна постапка, а за трансфер да не збориме, ко на обичен преглед да одиш.
Имам идеја. Да се направи тема за стадиум на ембрион. Со анкета на кој ден бил вратен ембрионот кога сте имале успешно ин витро. На тој начин би се видела некоја статистика кога е најдобро и кога е најуспешно. Верувам дека клиниките имаат такви податоци ама не верувам дека некој ќе ги сподели. Некој да отвори тема и анкета? Јас не можам од мобилен сум.
Така е Да размислуваме пред нешто да напишеме . Темава посекако е и онака ' тешка'. Да не ствараме вознемир кај никој кој е во постапка . Втор ,трет ,петти ден ли ќе е , да оставиме докторите да одлучат
Mene za dvete ifv mi gi vrarija na vtoriot den kaj lazarevski... Devojki a denes sto me zaboluva od desnata strana.... me sece...sto ke da e toa...
Со лесно и овој обид да ти биде успешен и последен за прво бебуле, може и дупла среќа, две наеднаш, а ескимчињата да те чекаат за трето/четврто.
Елена, нормално е.. Имав и јас болка, од 5 ден поинтензивни, еве до ден денес Најново, замрзнување на ембриони во Ремедика е 44 000 ден. за 5 год. Ова со последното зголемување на цените
Од мое искуство јас би рекла на 2ден имав 16 оплодени а до 5ти останаа само 5 што би рекла 1 третона а др не се развиле како треба неправилна делба... можеби затоа членката вели дека е прерано додека се води како ќе им биде развојот @Оли со лесно јас имам уште но ќе се дружиме секако и да гушкаме бебулиња сите дајбоже...
Да мила,цената е во облаци ама тоа е,е сега ми кажаа дека и еха се вклучени тука,јас утре имам мерење па ќе пишам за сигурно дали и еха спаѓаат во цената за пункција,инаку утре ми е трето по ред
Koga treba da go pravis testot za bremenost ? Sabajle imav bolki sega kako da mi isceznaa, se nadevam deka ne e strasno.