@Thallia со лесно мила,да извадат што е можно повеќе ј.к и да се оплодат сите,да имаш нешто и за втора тура @0ли мила, ти посакувам ведрина во постапката што следи,овој пат да си држиш бебуле во рацете f: @Luni ти си нашето мало чудо, те очекуваме утре со висока бета!!!!
Па не е спорно ако еднаш се проба на 2 ри ден да се врати. Спорно е според мене 2-3 пати да се повторува истото. Истото важи и за 3 ти и за 5 ти ден. т.е да се тера едно исто и покрај тоа што не дејствува Јас кажувам отворено имав 2 ивф со враќање на 2 ри ден и не бев задоволна ама ич Сменив доктор и тактика за враќање на 5ти ден што вроди со успех Затоа сметам дека треба да се проба и со 3 ти и со 5 ти ден кај секој различно дава резултат
Докторите знаат што прават! Ако докторот процени дека ембрионот треба да се врати на 2, 3 или 5 ден не ни преостанува ништо друго освен да веруваме во неговата одлука. Секој ИВФ доктор сака да успее постапката. Лично заради себе, а богами и заради пациентот. Ако нема изгледи да биде успешно ич нема ни да го враќа тој ембрион. Секој доктор сака да го зголеми својот процент на успешност. Всушност, најважно е да дојде до оплодување, а после тоа поубаво си се развива во мајка отколку во вештачка средина. Така да, штом не спремаат за трансфер значи имаме добар ембрион. Нема правила дека бластоцистата ќе преживее внатре, а помалкуклеточниот не. Затоа, дајте да оставиме да си ја работат работата и да ни помогнат да се реализираме во улогата на мајки. Од душа ти посакувам полно меше. Дај Боже да успееш. Одамна ја водиме битката, поминавме многу на форумов. Цела постапка нека ти е со лесно
Оли ти посакувам лесно да ти поминат сите контроли и да уживаш во целиот процес.. да си тераш спокојно брз нервози, а крајот да ти се круниса со дупла среќа !!!
Според моето искуство докторите ги вратат на 2, 3 или 5 затоа што ги пратат ембрионотр и гледат дека нема да преживат надвор ембрионите и им дават шанца на ембрионот да успее да продолжи да се развива во матката, затоа моите ембриони беа со лош квалитет и секогаш се оплодат сите јајце клетки ама се развиват добро до 3 ден после престана, на пример првото ивф ми го вратиа на 3 ден од 16 остана само 1 ама тоа беше во државната болница, вториот пат Таше извади само 7 од кои 4 оплодени вратени 2 на 3 ден затоа што проценуват дека нема да останат живи до 5 ден, трето ивф од 10 ембриони остана 5 до 3 ден и во Ремедика одлучиа да ги Чекат до 5 ден и од тоа заклучиа дека не доаѓа до бременост заради неквалитетни ембриони заради моите години остана само 2 ембриони на 5 ден и тие беа со лош квалитет. И последното ивф во Турска од 10 ембриони остана само 3 до 5 ден од кои ги пративме на пгд испитување и остана само еден со најдобар квалитет кои сега си расте и сум 37+ 2 недели. Според мене ембрионите ги вратат кај нас само со мислата дека нема да успеат да преживат заради квалитетот на ембрионот и го враќат на среќа, а во другите држави ги праќат на испитување нормално ако сакаш. Ако не сакаш и ако се со лош квалитет тие одлучија да ги замрзат сите 10 па после да видат колку ке преживеат кога ке ги одмрзат и така ке видат кои се поквалитетни ке ги вратат. Јас ова го пишам од моето искуство не од некоја научна истрага. И заборавив да пишам направив и една ивф во Ње Борн на природен циклус од кои излезе дека јајце клетката беше празна ама јас мислам деке веќе беше пукнат фоликулот. Поздрав ви ја посакувам на сите мојот успе што поскоро. Поздрав
Јас го направив тестот, позитивен, на 11 ден од трансфер.. На 12 ден бета 577,на 14 ден 1087 Со среќа нека ти е, да се радуваш наскоро
Cestitki, mnogu se raduvam ajde i jas pobrzo da se izraduvam jas imam samo edno embrionce, se nadevam na uspeh
Е така убаво се сеќавам пред 4 год беше на 22 октомври имав пункција на 24 октомври имав ет и кога го прашав Др зашто толку рано имав ет ми рече на ембрионите поубаво им било во матката И јас имав исто успешно ивф со ембрион вратен на трети ден
Епа за ова зборам јас. Кај секој е различно кај некој на 3 ти може е подобро затоа не треба упорно 3-4 пати да се повторува едно те исто. Подобро да се промени тактика. Да се проба и со 5 ти и со 3 ти нема правила секој организам е различен
Па искрено кажано нема да удирам ѕид со глава и да дозволам три пати да ми враќа на 2 ри ден, да ми ги потроши ваучерите и ај Здраво. Видов 2 пати дека истото се повторува и чао пријатно нема да дозволам пак истото. Јас сметам дека е добро да се смени стратегија а не слепо да се верува на докторот ако упорно се држи на едно исто.
Абе се е во божји раце ако има да биде ќе биде дали ќе бидат ембрионите вратени на трети или на пети ден не е пресудно оти ивф ќе биде успешно или не на мене за трите ивф ембрионите ми беа враќани на трети ден па останав бремена и трите пати правило е да нема правила
Да сите се со утринска ..не правам преку ден бидејќи пијам многу вода и сигурно нема да дадат точно..но вчера бетата ми е 238 па на сите ви посакувам од срце да ја имате ❤❤❤
Tocno I treba da se ptoba na site nacini pa duri kaj nekoi pouspesno e so smrznati nema pravilo jas imav neuspesni vo prolet zimata se pokaza uspesna dva pati zimen period nema pravila samo uporno bez otkazuvanje
Има врска со вода!... јас пијам премногу дури некогаш и навечер ставам имам шише во соба. А преку ден пијам 2 литра секако
Девојки, дали знаете каде има ленти за овулација? Прашав во Зегин и Еурофарм немаат, негде у Ск? Фала и убава вечер