Sr Srekno.i da ne.izdraduvas Ista terapija kako.mojata samo.stonemas tii inekcii i nmesto crinon gel ti imas utrogestan Za bukopan ima.po drugite apteki Nwz Nezz ili treti.den ili 5 den mi rekoa ke.mi.se.javat ke.kazat koga
Една, ама вредна! Да се оплоди и развие во квалитетно ембрионче, кое ќе се врати кај мама во меше и ќе расте 9 месеци, а потоа ќе се гушкате!
Ќе биде се како што треба не се секирај имам една дилема само во њу борн некако мислам дека вадат доста празни клетки дали не ја темпираат пункцијата соответно или стоп инекцијата
Фала ти миличка, нека даде Господ кај секоја од нас што се надева и копнее да стане мајка, кај тебе да се врати со дупла среќа Кај мене мислам дека малку недела направи проблем,јас имав еден фолекул од 23мм а другите беа 19 и 20мм,сега не знам дали тоа има врска ,докторот сакаше во понеделник ама поради овој еден одлучи денеска да има пункција,се надевам дека ќе се развие
Vi blagodaram milicki dajboze site da se izraduvame naskoro... inaku ovojpat prvpat sama se bocnav ..se prestrasiv konecno...
да, до тајмингот е на стоп инекцијата. се случува кај секој доктор, кај некој повеќе кај некој помалку. затоа освен ехо се следи и ЛХ и Е2. баш за ова имавме пред 3_4 месеци дискусија, дека во њуборн не пратат хормони кога е на природен циклус. и баш членката ги бранеше дека е во ред само ехо, а на крај нема јајце клетка. ова го пишувам од искуство. ти следеа хормони? и примаше стоп инекција?
Девојки, да ви кажам дека и мојата пункција помина денес, ми извадоа 5 јајце клетки не е лоша бројка нели? Битно е да се здрави и успешно да се оплодат... @Sienna_MK со успех мила и кај тебе, едно ама вредно јуначе да се оплоди и да се врати кај мама во меше
Ти благодарам мила...да не сте вие незнам како ќе издржавме...кај сите нека ни даде бог бебе 1 па и 2 да се израдуваме
Супер бројка, сите да се оплодат и две кај мама во меше да растат 9 м. Останатите ескимчиња да те чекаат за трето/четврто бебушче. Денеска, ден на пункции! Браво!
Мила ,не ми мереа хормони,не знам зошто,само според ехо беше проценката,докторот спомна претходно како варијанта ама не дојде до тоа Одлична бројка мила,сега релаксирано ќе се спремаш за трансфер и за 9 месеци бебуши да си гушкаш
@Sienna_MK обавезно се мери Е2 и ЛХ на природен циклус. од вредноста на хормоните и ехо-то се утврдува кога ќе биде стоп инекцијата, а после тоа и пункција. обавезно и стоп инекција. ист процес како стимулирано ивф, само без хормонски инекции. * и со следење на хормони може да се дојде до празен фоликул, но веројатноста е помала. а баш си мислев да пробам у њуборн, на природен, ама ова вака некако ми е недоследно и непрофесионално.
Кај мене на 12 ден со два фоликула естрадиолот беше 310 на 14 ден пункција на двата фоликули за жал празни беа сега малку одмор па здравје во мај ке поднесам за ваучер
Јас стоп инекција примив вчера попладне и денес беше пункцијата,веројатно со проверка на хормони ќе се дојде до точна проценка ама тука сме да слушаме што ќе ни кажат Следниот пат ќе биде со успех,каде правеше на природен циклус и колку те чинеше ако не е тајна?
супер што си примила стоп, ама штом вчера е примена, пункцијата би требало да е утре. се прима стоп и се закажува пункцијА по 32- часа. малку ја преураниле пункцијата. кај тања или трајковски си ?
Кај Трајковски сум, па можеби поради недела како ден,не знам дали работат,он баш рече сабота или понеделник и испадна сабота
никој не те повика тебе, и никој не рече дека не пратат хормони.дискусијата е за во њу борн само констатирав по дискусијата од пред неколку месеци со @Ана на мама а сега и со @Sienna_MK кои се во њуборн и кажаа дека не им се мерени хормоните. супер, ако си била во њуборн и ти прателе и хормони, супер. така треба.
Значи јас за во њу борн кажувам и немојте право во кавга разговорот да го водите..убаво читам за каде коментирате