Можеш да земеш некој аналгетик, Кафетин Менструал, Кетонал, зависи што ти помага, не трпи болка, обавезно испиј апче. Следниот обид ќе ти биде успешен, цврсто верувај во тоа и така и ќе биде!
Ќе дојде и друго ембрионче, не се секирај, сега едноставно не му бил моментот. Јас да прашам нешто сосема друго. Почнав инаку со супрефакт, треба и клексани да примам, е во потврдата од гинеколог за рефундација, како ви пишуваат, дека кај нив сте се боцкале, или може да се пише дека боцкани сте дома? Кај матичната ми рекоа дека можело така, прифаќале во фонд. Извинете на замаранција. Со среќа на сите "колешки'.
Ме расплака бе девојче понеделнички рано сабајле Многу ми е жал, биди јака ќе дојде и ќе остане ново ембрионче што ќе се развие во прекрасно бебенце, само трпение
Бејби-бум во најава а Со среќа на сите женски во постапка.Нека тече се како подмачкано и да резултира со огроомни бети @Luni ,следното ембрионче ке го гушкаш,верувај Сакам да прашам дали испитување на вит Д е поврзано со период од денот или пак циклус(моментално имам добиено). @Alishan30 ?
Јас имам испитувано во Хемолаб неколку пати, па и во тек на бременоста и таму ми имаат кажано дека не е сврзано испитувањето со циклусот ниту пак со периодот од денот.
Било кога можеш да испиташ мила, не е проблем. А бидејќи јас сум со дефицит на Вит Д и читав доста, па најдов податок дека како нација сме немале некој ген кој бил заслужен за вит д и многу биле со ваков дефицит. Ете незнам дали е точно ова, битно јас 2 години сум на вигантол капки и одвај до 19 ми дошла вредноста на витаминот
Феминки мои мили пред да почнете со убави вести да ви кажам само дека метилирана фолна од 1000мг може да се нарача и тука во мк малку сум вон тема но многу сте со метилирана како јас ...и ајде почнете со вести да ни почне неделава со убаво
Да и мене ми е по 20 вредноста на Д витамин. Прво пиев на др Волтс таблети ама некако ми беа скапи пошто дневно требаше да внесувам 2000 мг. Ендокринологот подоцна ми кажа дека е сосема ок да користам и Вигантол но со вигантолот да пијам и вит ц. Но од јануари не сум проверила повторно. Планирам за 6 месеци односно во јуни.
Јас не се боцкав со клексани само со супреф и мерионл незнам како оде тоа до рефундација на средствата нека каже некој кој примал клексани..
Не мора ништо да потенцираат, се пишува само дека се примени. Мене не ми пишувале дека дома сум ги примала. Мислам дека е подобро да не пишуваат така, за посигурно.
Девојкии мојата бета е 535 ....целата се тресам...на сите ви благодарам за се и на сите ви посакувамм успехх ..и да знаете кога јас успеав сите ќе успеете
Леле миличка,каква радост ЧЕСТИТКИ!!!!! Ептен ме израдува,да си имаш лесна бременост и да си го гушкаш бепчето за 9 месеци