Јас и ти сме слични изгледа. И јас сум со слаб АМХ и на еден тон стимулации (Мерионали и Пурегони) не се појави ни еден фоликул а на природен модифициран имам по два фоликули.
Точно. Секогаш кога одев на ехо преглед обичен ми наогаа по два фоликула некогаш и еден, се чудев како може со толку инекции само 3 да има не ми беше верно ама тоа е што е тукае ке ја чекам наредната менс. па ке почнам на природен циклус дајбоже да успеам...само незнам каква терапија ке ми одреди по трансферот
Само напред мила, мора да успееш! Што имаше терапија после ет? Можеби имаш пишано, ама не се сеќавам.
Мислам дека ќе ти остане истата терапија, не гледам зошто би ти ја смениле (ако мислиш на тоа дека ќе си на природен процес). Ќе даде Господ на сите па и на нас, само трпение
Негативен. Матката не ги прифати. Првиот пат не стигнав до трансфер,на ден на трансфер ми се јавија од Ремедика дека не се развиле. Втор пат на природен циклус вратени на 3ден,неуспешно. Трет пат се развија до бластовисти на 6 ден,неуспешно. Сега ги правам сите испитувања па на есен нов обид
Можеш да се консултираш да ти додаде Декортин и Клексан. Друго имаш се’. Во други клиники, Клексанот го даваат и како превентива, зависи од проценка на докторот.
Девојчиња,се јави ембриологот,добро се развивал ембрионот ,сега уште да се договорат со докторот кога ќе биде трансферот и пак ќе ме бараат Уф,возбудата расте
Браво мила, ете, ти кажав дека бебушот чека да си дојде кај мамичка и да си расте тука 9 м, од срце ти посакувам да успееш!
Леле леле радостии, ајдеее да тргне на убаво, со Бог напред возбудата да расте уште повеке со успешен трансфер со висока бета СРЕЌНО мила....
А добро вчера баш читав низ српските групи на ФБ на една лани и бил амх 3 а оваа година 7 и не само на неа и на други истото им се случило само не дочитав што како па нели амх треба да опаѓа а не да расте со текот на времето
@Лаура82 честитки мила, многу убави вести, се израдував како за себе... Со лесно да ти биде цела бременост до крај! Ти си пример за сите нас што сме тука дека само храбрите и упорните успеваат @Alishan30 јас бев по долг протокол, најпрво почнав со контрацепција, пиев Микрогинон од прв ден на циклус, на 21-22 ден почнав да се боцкам со супрефакт, почетно 0,4мл а кога почнав со стимулации од трет ден ми го намали на 0,2мл. За стимулација примав по 3 мерионали девет дена со ред, на 13ти ден имв пункција. Мене ми се јавија вчера дека ембриончето добро се развива и требаше денес да биде трансферот, но немало напредок од вчера до денес па не вратија да си одиме дома. Ембриологот рече дека може да се случат вакви работи и дека може да продолжи да се разива иако искрено многу се исплашив... Многу радост ми донесе вчерашниот повик, а утрово страв в коски... Многу сакам да верувам дека се ќе биде во ред и дека моето ембрионче ќе продолжи со нормален развиток и дека утре ќе биде денот кога ќе ми го вратат во мешето... @Sienna_MK тебе од срце ти посакувам успешен трансфер
Да да треба да опаѓа незнам ама ете може таков случај да има не верувам дека не се лечи тоа незнам и ми е јасно зошто докторот не ми дава некоја терапија за слаб амх а сто пати прашав има ли терапија за слаб амх нее бе вика тоа е тоа а нешто пиете ли за слаб амх..?
Фала ви друшки мои,подршката многу ме куражи да мислам позитивно и да верувам дека и мојот сон ќе се оствари.Кај сите нека дава Господ и вака да продолжиме да си се дружиме со дечиња покрај себе @Thallia мила, неизвесноста е голема но не губи надеж,заедно ќе галиме мешковци