Мила,јас не знам колку е мојот амх ама имам високо фсх ,па Трајковски ми препорача Dhea kapsuli od 25 mg по две на ден.Не е лошо и ти да ги земеш,ама мора да е микронизирана за да има ефект и да се пијат повеќе од 3 месеци
Ако не сум грешка АМХ 7 укажува на ПЦОС, точно дека со тек на време АМХ опаѓа (нели се трошат резервите) ама јас последно време имам читано дека АМХ е моментално, односно променливо и не мора да значи дека константно ќе опаѓа. Ако не сум грешка @Bubce38 имаше исто подобрување од едно до друго АМХ. Јас имам многу суплементи за подобрување на фоликули и јк. Пијам, витамини Б,Ц,Д,Е, цинк, селен, фолна, омега, Q10, Овунорм, Дхеа, Ноќниче, мацина трева, и гарант нешто сум заборавила, ако сакаш кога ќе сум дома ќе ти сликнам што се пијам. Ако не сум грешка микронизирана Дхеа нема од 25мг само од 50мг и се пие еднаш дневно. Плус и поевтина доаѓа таа од 50мг и подолго трае (мислам 1300 беше, 90 капсули).
Мила,овие што јас ги имам се микронизирани од 25 мг и се амерички,ги зедов од една феминка што ги пиела,па имам уште една цела кутија од 180 капсули,инаку пијам по 2 оддеднаш Каде ги имаш купено од 50 мг?
Јас би ти препорачала да пиеш и омега 3,6 и 9 од крилово масло го има во Зегин 250 ден е една лента за 15 дена и да амх ја покажува моменталната состојба на антралните фоликули мене кога ми рече ендокринологот за амх да испитам отидов на трети ден од циклусот на ехо и гинекологот ми кажа тогаш оти имам повеќе од доволно антрални фоликули и не мерев амх никогаш а на тебе би ти препорачала да исфрлеш процесирано благо тестенини и пилешко месо оти во него најмногу ставаат хормони
Ме чудиш како Владимир не ти дал контакт од девојката што ги продава (мене тој ми даде бројче). Ама матичниот ми кажа дека истите во Бугарија ги имало за 10тина евра.
Да првите 4 дена примав декортин точно по шема го заборавив може нешто друго варирало што излезе така предходниот месец имав покачен пролактин го симнав со достинекс а можно е после трансфер да се има покачено не му спомнав на докторот дека претходниот месец ми беше качен можеби и тој варирал овој пат се ке испитам прво од страна на хормони не само LH PROGESTERON I FSH
Не,не ми даде контакт од каде да ги набавам,пиши ми го бројчето во ЛП за да си го имам кога ќе ми затреба
Значи пролактинот се чека да биде во нормала па после се праве ивф не под или над нормала и во такви случаи се дава бромергон оти е испитан во бременост јас го пиев до 12 нед пролактинот најубаво е пред ивф да е под 15 мојот сега беше пред ивф околу 15
Да мене ми се симна од 29 на 3 и потоа ми беше 15 и почнавме од другиот мњсец со ивф а не му спомнав дека дека предходниот месец го симнав со терапија а за време на ивф тој не ми го испита и си велам можеби ми се има качено пак а од што варира така не направив дополнително испитување
Јас бромергон и пред и за време на инвитрото го пиев, иако пролактинот ми беше околу 5 вредност. Сеуште го пијам мала доза навечер. Безбеден е и при бременост
Можеби се има покачен пролактинот сомлително ми е само вонего на неуспешноста на инвитрото се консултирав со матичната и ми рече овој пат да а му кажам на Д-р да го испитаме па после да го пијам редовно
Дали имаш испитано и дали пиеш вит. Д? Исто така, е многу битен за имплантација. Доколку не пиеш, можеш да го испиташ одма, ако е низок, ќе почнеш да си пиеш, а во постапка докторите го даваат и превентивно. Конултирај се и за ова, ама можеш и самоиницијативно да го испиташ.
Девојчиња, денес ми 4 ден од трансфер и ми се појави бел, леплив секрет. Вчера приметив и во урината имаше како ситни бели топчиња, како кога истекува вагиналета. Меѓутоа јас не стававам утрогестан или кринон, туку пијам дабростон. Нормално ли е ваква појава на секрет или не?
Девојќи може ли да ми пишете поточно кои испитувања имунолошки и др. што мислите дека се потребни и се прават по неуспешно ивф сакам самоиницијативно да испитам па да знам каков упат да барам и од кого се зима матичен општ или гинекоког? Фала..
Од матичен општ за двајцата, доволно е кај тебе да стои шифрата за женска неплодност, а кај мажот шифрата за машка неплодност. Упатот треба да е до амбулантата. Секогаш има термини, таму се љубезни, ќе им кажеш се' да ви испитаат и тоа е тоа. Ова за Имунологија зборувам.