Треба да пише одгоре на рез 17 гени за тромбофилија оти се испитани ај сликни го ти твојот рез да го видам јас
И една мутација да имаш, терапијата е иста, ама да не ти е мисла, ако сакаш провери си да не е испуштено нешто.
Јас 2-3 месеци пиев Профертил па после др. наместо нив ми ги даде Имприл скоро месец дена ги пиев пред пункција и имав извадено 12 ј.к. од кои 4 добри ембриони.
Споделено во ЛП Мила,чисто за споредба,дали драстично ти се подобри квалитетот бидејќи месец дена е краток период или ова е комбинација од Профертил и Имприл?
Moxe da mi kAzes od kaj gi kupuvase i sto cena se i dali posle toa dobrite embrioni gi prifati matkata dojde li do bremenost
2 месеци пиев Профертил а после го прекинав и почнав да пијам Имприл 1 месец, за споредба пред една год. имав 16 фоликули од кои само извадија 3 ј.к тогаш не ги пиев а сега извадија 12 ј.к .
Имало подобрување дефинитивно,а може и треба да се пијат во комбинација бидејќи во Имприл има комбинација од метилирана фолна,витамин Б12, цинк и уште B6 ама во помали количини,јас со мутации треба да пијам поголема доза на метилирана фолна и вит Б12 од 1000 микрограми
Во исчекување сум 5-ти ден ос трансфер, инаку ги зимав од аптеката во Систина околу 2900 мислам дека се 30 таблети.
Земи си само упат каде што ти пишува иследување на генски мутации. Ние прво отидовме во зградата на хистологија таму е делот и за имунологија. Разговаравме со лекарка и она ни напиша што да ни испитат во амбуланта
Здраво на сите! Имам едно прашање се надевам некој со слична ситуација или некој што го поминал овој процес ќе ми сподели искуство и ќе ме упати како оди постапката. Со сопругот се спремаме за инвитро ги собравме првичните документи и ги испративме, после еден месец ни побараа два спермограми од гак и хистологија, ние имавме од авицена(тој е под терапија заради астеноспермија). Ги направивме спермограмите и излегоа двата различни. ГАК ја потврди дијагнозата, а од Хистологија се беше во ред. Чудно е затоа што има правено спермограм и во други лабаратории секаде е дијагнозата иста освен на Хистологија. Спермограмите од гак и хисто. се правени со разлика од една недела за побрзо да ги доставивме до комисијата. Сега после еден месец чекање одговор ни побараа 4 АИХ колку што разбрав тоа е инсеменација. Ве молам некој да ми каже како оди постапката за АИХ? И дали на некој му се има случено оваа со сопермограмите? Извинете за долгиот пост
1. Спермограмите треба да се со разлика од еден месец. 2. Не знам зошто хистологија ви рекле, обично не посочуваат него само кажуваат дека мора да е од државна установа. 3. Ако секаде се исти резултатите а само од хисто различни, голема е веројатноста тој од хисто да не е точен. 4. Не знам кој ви е процентот на астеноспермијата, ако имате мал процент тогаш само ќе ви го губат времето а ако имате голем процент (односно ако сте малку под нормалата) и ако кај тебе е се во ред тогаш од каде да знаеш може нема да ти требаат документи за ивф 5. Инсеминација се прави на клиника и тоа преку еден месец, за тебе треба да носиш ПАП, брисеви и сида, хив и хепатит тест, а за сопругот само сида, хив и хепатит тест. 6. Не се извинувај за тоа сме сите тука, да си помагаме. Слободно прашувај се' што те интересира.