Има таксисти што одат постојано, не е некој проблем и тоа. И да платиш за услугата, ќе си земеш повеќе пакетчиња и ќе си имаш подолг период, во секој случај поисплатливо!
Исплатливо можда ама не секој сака да го разберат и други оти има потреба од лекови од странство или некој како јас што несакам да молам многу многу за било што да ми се заврше
баш ми е криво да ти кажам право. уште некни нели пишав дека ми е чудно, чекаат да се доразвие,...како така? во њуборн не сум била, ама во Систина на пример, уште наредниот ден после пункција ти се јавуваат и информираат секој нареден ден за напредокот. не разбирам баш што значи тоа, само еднаш ги отвараат да ги следат. и веќе ако се закажува трансфер, тоа значи дека ембрионот е добар, а ова вака кај тебе што испадна баш ми е чудно и искрено се разочарав. знам колку значи денот на трансфер,...но од друга страна, добро што кажале дека не е добар,...ама многу касно ова, ако не се лажам 6-7 ден ти е после пункција?!
@Sienna_MK денес имаш право да се растажиш и цел гнев од душа да го исфрлиш. Ама од утре драга, со нови сили, се бориш и продолжуваш напред. Господ за сите нас чува некое чудо. Верувај дека баш наредниот пат ќе ти се случи. Те гушкам
Така е мила,на 6 ден од пункција,они според искуство треба подобро да знаат,ова ќе му дојде како играње со емоции,се јавува вчера сестрата и ми дава инструкции за трансфер,тоа според мене веќе е завршена работа бидејќи се во корелација со ембриологот,јас не сакам да мислам дека не се сигурни или дека ме лажат.Докторот ми објасни дека тоа е пракса кај нив да ги чекаат на 5-ти ден а за Систина може и на 2 да ги вратат и пак ништо,вака кај мене дошло до оплодување ама не се развило и затоа нема трансфер.И по терапијата што ми ја даде докторот се виде дека не верувал бидејќи не ми ги даде сите потребни лекарства на пример јас треба да примам клексани,тоа не стоеше во рецептата.Како и да е само пофални зборови имам за докторот,сепак е позитивен и јас прифаќам да нема трансфер при ваков ембрион,само ете пристапот одпосле не им е баш како треба,бидејќи се гледа дека они веќе знаеле дека нема да го бидне.Туку да не ширам негатива,бидна што бидна,моето чудо треба да се случи и јас ќе се борам за тоа. Фала ти за поддршката,те гушкам
@Sienna_MK a se vide so embriologot ti dadoa slika od embrionot da vidis kakov ili samo so dr trajkovski razgovaravte
Мила те гушкам силноо денес исплачи се изнавикај се од утре со нови сили за понатаму од мене знајте едно Господ ги дава најтешките битки на најсилните борци јас по тоа се водев кога се борев со неплодност а и сега оти во понеделник ме чека ново снимање на и магнетна резонанца на хипофизата оти претходно ми се ширеше хипофизата па после со бромергон се среди ама сега пак ми се вратија истите симптоми кои ги имав кога ми се ширеше хипофизата молам Бога сега пак да не се шире
Не се видовме со ембриологот,само со докторот и ни дадоа сликичка на крај,се гледа дека е оплодена ама сепак не беше многуклеточен,сликичката е многу малечка
Мила јас ќе кажам реално оти ова не ми се допаѓа што толку чекаат во Њу борн клиник за ет пет,шест дена кога се нема повеќе ембриони да кажеме пет шест ембриони отприлика иако јас имав успешно ивф кај нив ова е стварно стресно да чекаш пет дена и накрајта да. нема ет јас сега ќе го цитирам др Лазаревски кога го прашав зашто ги враќаат ембрионите на втор ден и он ми кажа за ембрионите поубаво место од матката нема и во право беше затоа Др според мене
Ти мила имаше успешна приказна во Њу Борн.На кој ден ти беа вратени,мене ова ич не ми е јасно,само дека е индивидуално
The Blastocyst StageResearchers soon discovered that certain nutrients were critical to aid in embryo development past day 3. Labs implemented new standards for embryo development, and embryos were able to survive in the lab for up to 5 or 6 days. At this point, after 5 to 6 days of development, the embryos had reached the blastocyst stage of development. According to the American Society for Reproductive Medicine, 35 to 50 percent of all fertilized oocytes will develop to this blastocyst stage. Немам искуство со трансфер ама ова го најдов по интернет. А Трајковски важи за голем оптимист (иако кај мене се откажа) , мислам влевал надеж до последно дека ќе успее. Иако малку искрено е нефер со играње на чувства ама барем дале се од себе да успее. Се договоривме, следниот пат ќе успееш
Искрено, не знаеш колку ми е жал, и мене ми се скрши срцето кога прочитав дека немало трансфер, а цел ден те очекувавме со убави вести, отворив два три пати денес чекајќи пост од тебе Знам дека не ти е лесно, но верувај дека после дождот доаѓа сонце, ќе помине овој облак Ќе успееш наредниот пат, само верувај и никако не губи надеж!
@Sienna_MK навистина ми е жал, знам кое разочарување е да чекаш трансфер и да се откаже. Од друга страна, после 3 спонтани, научив и дека подобро е и вака да заврши, доколку не е добар ембрионот, отколку да се пролонгира се, надежите да растат и после посилно да треснеш на земја од разочарување и тага. Не мисли сега колку пати го гледале ембрионот, кој ден и сл., бидејќи освен што ќе се измачуваш дополнително и ќе си дотураш сол на рана, ништо друго нема да смениш. Поштеди се сама себе колку можеш. Ако продолжи да те измачува мислата, можеш да закажеш разговор со ембриологот во Њуборн, да ти објасни што се случило, зошто одлучил да чека толку, каков бил реално ембрионот и кој е планот за понатаму. Ние имавме два пати консултација со Бирол додека беше таму, сигурно може и со новиов ембриологот да поразговарате. Те гушкам и ти посакувам наредно успешно ин витро @Sara85 најдобро да си провериш повторно хормони на трет ден, појасна слика се добива со неколку проверки
Биди силна се ќе помине само од мое искуство сум имала 2 ифв каде што првиот пат беше вратена една бластоциста и една повеќеклеточна и тогаш во ремедика ми кажаа дека едниот е со послаб квалитет затоа не се развил во бластоциста на тоа влијаат многу околности од лабараторија и самиот квалитет на јајце клетката и сперматозоид но за жал на крај се заврши со блаидет овум, така да не очајувај некогаш некој работи не се случуваат случајно секое лошо за добро е
Ти благодарам за советот секако сега за брзо ќе проверам пиев прималут нор после пункција во кој што беше празен фоликулот чекам сега циклус и одма одам да проверам инаку до сега за овие 5 години борба со неплодност имам проверено околу 10 тина пати секогаш се е ок но за жал не може конкретно да се открие вистинскиот проблем
@Sara85 на мене ФСХ ми варира, од скоро 20, па дури и до 6. Ова 6 еднаш ми се појави, без никаква терапија, не знам како. Инаку предходно го симнував со ДХЕА, па чим тебе ти е природно на горна граница, може затоа и ФСХ ти е нормално. Во секој случај, среќа во несреќа е да имаш природно повисоко ДХЕА, не мора да се труеш да го дотураш со апчиња и плус ти го држи Е2 на добро ниво. Ова е моја лаичка претпоставка Во секој случај, со среќа на наредното ивф, не се разочарувај, се случува често на природен циклус да нема јк или пак да не е квалитетна. Ќе биде добро наредното
Ова ќе ми виде трет ваучер сега во мај имам право да поднесам се надевам дека ќе биде успешно, искрено све што поминав нуз овие пет години се научив да не се разочарувам имав секогаш сила за понатаму неуспехот мора да се прифати и многу да не се нервираме, ти благодарам за поддршката