И Јас ја имам истата ситуација 2 пати пробав два пати празни фоликули кај мене само фсх е ок амх 0,36 и јас сега пијам сумлименти дхае почнав сега само 25 мг дневно зашто кај мене е високо 311 ми беше, коезим ку 10, овунорм, купив едни шведки таблети, б комплекс, цинк, витамин ц, витекс агнус кактус и магнезиум цитрат и се надевам дека слеениот пат ќе биде ок сега малку ќе одморам
Тие резултати се од 2016г, последен пат мерени, а по една година ми беше успешното ивф. Имав по 2-3 антрални фоликули, но само на левиот јајник. Десниот не беше активен. Направив рејувинација на јајници и по 3 месеци ми се појавија 3-4 антрални на десниот (неактивниот) јајник, кога и ми беше успешното ивф, од јајце клетка на десен јајник.
Ти благодарам Во Плодност Д-р.Таше ништо не ми има кажано да пијам некои суплименти и покрај тоа што го имам прашано.На своја рака зи земам смокви претходно стоени во маслиново масло,на нет имав прочитано за Q 10 и веќе почнав да ги пијам,земам матичен млеч.Најверојатно под хитно треба да си го сменам докторот,Д-Р Таше има знаење,но не обрнува воопшто внимание,мое искуство со него...
@Arapcence мислам дека е лудост на тој амх да ти дава кломифен за стумулација и само по 2 мерионали и вика дека џабе ќе ти давал побеќе кога не реагираш. Па како знае дека не реагираш кога не ти ја дал максималната терапија што може да ја примиш а тоа е по 6 мерионали дневно? Он не ни пробал и второ не може да одлучува дека повеќе ќе те кошта тоа, негово е се да даде од себе бидејќи два пати си поминала низ истото знае ли нервозите колку те коштале и колку ќе те коштаат во идинина. На пример и јас сум со понизок од твојот амх, но 29год и одеа со 5 мерионали на ден и да видиш како вадеа јајце клетки на пример од три - две беа полни, од две- една полна, само проблем беше во квалитетот на истите ама ете од трета успеа. А не ми е јасно кај тебе кога видел дека не реагираш првиот пат на таа терапија како упорно ти ја повторил истата и вториот пат... Тука знам членки што во тек на стимулациите им се прави таков микс од стимулации глава да те заболе, 3-4 вида и што вадат јајце клетки. Обавезно кај друг доктор на консултации.
Ти благодарам за советот,пред првата пункција само примав стимулација почнувајќи од вториот ден на циклусот по една таблета кломифен 9 дена,а 8,9,10 ден од циклусот по две ампули Мерионал на ден.После неуспешната пункција ми рече дека кај мене мене не делува терапјата.Пред втората последната пункција ми даде да пијам по пола таблета кломофен почнувајќи од 7 ден од циклусот до 15 ден,вкупно 9 дена.Ќе ве замолам за ваше мислење кај кој доктор во која болница да отидам,бидејќи не живеам во Скопје,не знам точно кај кој доктор да се обратам. Кој доктор би ми го препорачале се мислам помеѓу Др. Митко од Систина или Др.Трајковски од Њу Борн,кое е ваше мислење....ви благодарам од напред на сите...
Кога првиот пат се покажало неуспешно уште и намалил терапија само на кломифен и тоа по пола? Ме интересира со ваучер ли ги правеше постапкиве? Ако да срам и арам да му е, јас кломифен зимав првите две години матична што ништо не разбира ми ги препишуваше и кога не знаевме дека имаме конкретен проблем. Јас успеав од втора кај Трајковски-Њуборн оди на консултации сигурно прво ќе ти даде некои суплементи да пиеш пред да почнете. Никој не е магионичар но сигурна сум дека ќе даде се од себе.
Да ве прашам, вие кои се разбирате повеќе со хормониве, освен пролактин другиве хормони дали се ок за 3 ден од циклус? По 2 пати добивање во 1 месец, изгледа ми се пореметиле малку
Многу ти е висок пролактинот гледај пред ивф да ти биде под 15 и тсх да ти биде под 2,5 а инсулинот не ти е испитан испитај го и него
Испитан ми е пред 1 месец,18 ми е инсулинот.за пролактинот знам дека ми е висок,2 недели не пиев бромергон зошто 3 ми беше, и ете го до 50 стигнал. За фсх и лх ми беше прашањето, читам висок-низок бил,затоа незнаев дали е моето во ред. Ќе ги правам на следен циккус пак хормониве, не ме бендисуваат за инвитро
Во ред се фсх и лх мој совет ти е оди на ендокринолог да ти го дозираат правилно бромергон нез дали имаш правено магнетна резонанца на хипофизата ако не направи јас некни правев оти ми се вратија симптомите како кога ми се ширеше хипофизата а и плус тоа дојам
На приваатно да платиш ваква постапка мизерна што и општ лекар може да ти ја препише... Инвитро стимулирано со кломифен? Стварно немам коментар. Срамота за докторот. Не заслужува повторно да стапнеш во неговата болница. Освен кломифенот ништо друго не ти даде ? Суплементи, супрефакт/триптофен, клексан, аспирин, барем ти кажа ли дека феминион можеш да пиеш некое време пред бременост? Естрофем барем, бидејќи кломифенот го истенчува ендометриумот и да имало јајце клетка ќе ве терал да плаќате замрзнување бидејќи без него ќе имаш тенок ендометриум, а со тоа и голема веројатност за неуспешна имплантација. Имате ли правено некои испитуваеа предходно, само амх ли е проблем кај вас. Имаш ли барем хсг направено, хормони?
Од ендокринолог ми е дозирањево, Адамова ме води. Кога ми беше 100 пролактинот не ми дозволија магнет на хипофиза, не па сега. Од стрес ми е покачен и од исклучување на бромергонот самоволно,сама сум си крива