Вонтелесно оплодување

Дискусија во 'Бременост' започната од pozitiv, 30 ноември 2009.

?

Кој доктор е ваша препорака за ИВФ постапка?

  1. д-р С. Лазаревски (Систина)

    261 глас(а)
    15,1%
  2. д-р М. Ивановски (Систина)

    201 глас(а)
    11,7%
  3. д-р М. Поповиќ (Систина)

    59 глас(а)
    3,4%
  4. д-р С. Адамова (Систина)

    36 глас(а)
    2,1%
  5. д-р К. Кузеска (Систина)

    20 глас(а)
    1,2%
  6. д-р З. Петановски (Ремедика)

    99 глас(а)
    5,7%
  7. д-р М. Хаџи Лега (Ремедика)

    80 глас(а)
    4,6%
  8. д-р Г. Димитов (Ремедика)

    111 глас(а)
    6,4%
  9. д-р Т. Гуржанова (Њу Борн)

    107 глас(а)
    6,2%
  10. д-р В. Трајковски (Њу Борн)

    314 глас(а)
    18,2%
  11. д-р С. Сапунов (Санте Плус)

    8 глас(а)
    0,5%
  12. д-р Т. Трпчевски (Плодност)

    280 глас(а)
    16,2%
  13. д-р В. Органџиски (Органџиски)

    33 глас(а)
    1,9%
  14. д-р С. Органџиски (Органџиски)

    57 глас(а)
    3,3%
  15. ГАК (Сите доктори)

    48 глас(а)
    2,8%
  16. д-р Е. Исјанова (Ултрамедика)

    10 глас(а)
    0,6%
  1. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.715
    Пол:
    Женски
    Магнетна се прави исклучиво по препорака на доктор, ако навистина има потреба, па и тогаш ќе се преиспиташ дали да правиш (сепак е зрачење), а не ко од ракав овде на форумов: “оди направи обавезно”!

    Дај луѓе, да не се правиме доктори, може да си дадеме совет, ама се’ во граници на нормала. Да не се претерува!

    Извини, што тебе те цитирав, ама ми ја сфаќаш поентата...
     
    На KuklickaMoja, Soncence3, Srekicka3 и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Melek 36

    Melek 36 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    1.045
    Пол:
    Женски
    Девојчиња мојата бета денес на 15 ден е 27.3. Интересно е, не се дуплира ама ниту паѓа. Се јавив во Ремедика ми рекоа пак да проверам за неколку дена.
    Лудило ме фаќа, незнам што да мислам. Имал ли некој вакво искуство?
     
    На emkaemka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.380
    Пол:
    Женски
    И јас би додала: @Meckicja душо, да сум на твоје место би си уживала со керкичката и убавото време, наместо да седам на овој форум и делам совети.
     
    На Meckicja, LunaGrey и Luni им се допаѓа ова.
  4. Желба

    Желба Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    3.995
    Пол:
    Женски
    Зголемен ризик од канцер на што, на гради? Дали е тоа поради тоа што го зголемува естрогенот?

    @Arapcence со низок АМХ од 0.2 Митко од Систина ми правеше ивф со кломифен и Гонал Ф, меѓутоа ми даваше по 5, 6 Гонали на ден, за да добиеме 2 јк и не останав бремена. Од друга страна, во Њуборн на природен модифициран со 4 или 5 мерионали по едно на ден, имав 2 фоликули од кои 1 јк.
    Значи кај нас со низок АМХ, воопшто не е оправдано да се дава голема стимулација, освен што нема да има некој голем ефект, дополнително ни ја ослабува повеќе резервата.
    Прашај неколку доктори за мислење, а ако одиш кај Ивановски, спомни му за природен модифициран.
    Јас би има дала повеќе шанса на Трајковски и Гуржанова, плус можеш да се консултираш и со Гуржанова за подмладување на јајници.
    Не сакам да те одвраќам од никој, не знаеш кај ти е среќата, закажи си и на двете места и види, но еве да споделам искуство, јас веќе никогаш нема да прифатам целосно стимулиран циклус со толку низок АМХ.
    Со среќа!

    Едит

    @Meckicja јас на твое место ич не би се трудела, би си го чувала искуството и тоа што сум го научила со тек на време за себе. Зошто споделуваш искуство кога гледаш дека не ти се цени?
    Нека ти е жива и здрава ќеркичката, и јас сум за тоа да си ја гледаш и уживаш и ич да не се замараш со совети, ама не поради истите причини поради кои ти пишале погоре.
     
    Последна измена: 27 април 2019
    На Arapcence, Meckicja, NNA и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.715
    Пол:
    Женски
    Погоре јас пишав!
    Не коментирав други причини, освен сериозноста на она, на што ја упати членката!
    Сметам дека стварно треба да се внимава со советите!
    Многу често ми се има случено да напишам коментар/совет, а да не го споделам, единствено од причина случајно да не бидам погрешно сфатена или да не упатам погрешно некого на нешто... Мислам дека се разбираме.
     
    На KuklickaMoja, Soncence3, Srekicka3 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.198
    Допаѓања:
    3.969
    Пол:
    Женски
    И јас бев кај др Тања, девојчето има низок ФСХ, така да се согласувам, може да оди на ПРП, др. рече до 35 е максимум за таа процедура.
     
    На Sienna_MK, Luni, eta и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Желба

    Желба Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    3.995
    Пол:
    Женски
    И после тебе пишаа и кажуваа што да прави, повеќе ми се однесуваше коментарот на тоа и и се обратив на Мечкичка, стварно мислам дека не треба да се замара премногу чим не и се цени.
    Не е прв пат да добива вакви коментари, жената си има специфичен начин на коментирање, така да кажам, ама јас како што проценувам, добронамерна е. Нема потреба толку да се напаѓа.

    А за тоа дека треба да се внимава, треба, но мислам доволно сме разумни сите, кога ќе прочитаме нешто на форум, да не го применуваме на своја рака, туку да се консултираме со доктор.
    Еве конкретно за магнетна, зарем нема да прашаме прво доктор дали треба? И кој ќе ни направи магнетна без консултација?

    Значи воопшто не мислев на тебе лично, сум реагирала и друг пат во врска со Мечкичка, јас имам разбирање за неа и ми нервира што постојано ја напаѓаат.
     
    На emkaemka, Meckicja, NNA и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Luni

    Luni Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2018
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    4.334
    Пол:
    Женски
    Честиткиии имај лесна бременост.. Дај боже сите да успееме...
     
    На NNA, Sienna_MK, Martka и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.746
    Допаѓања:
    176.013
    Пол:
    Женски
    И јас сум една од членките кои почесто приговараат на мечкичка.
    Ама она навистина нема лоша мисла .
    А во врска со магнетна на хипофизата . При резз од 100 на пролактинот мислам дека дека секој невролог сместа би го пратил пациентот на магнетна .
    Бар јас така знам .
    Инаку магнетната не е штетна ,не зрачи. Се прави и во бременост

    @bella.gk со лесно друшке .
    Ме израдува :*
     
    На NNA, 0ли, princess5 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.715
    Пол:
    Женски
    Значи, во оваа борба секој совет се зема предвид и сакале или не, влијае, има личности на кои што полесно им се влијае и може стварно да применат нешто, што ако помогнало кај една, не значи дека ќе помогне и кај друга членка. А ние овдека ако си коментираме паушално од ракав, може и погрешно да упатиме...
    Не верувам дека некоја од нас има намера да ја напаѓа @Meckicja , тоа на никој нема да му користи, а и нема потреба, и она поминала низ истиот пат, така што поентата е само да се внимава со коментарите, советите и препораките!
     
    На KuklickaMoja, Soncence3, Srekicka3 и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Желба

    Желба Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    3.995
    Пол:
    Женски
    Така @Queen8 треба да се внимава што се советува, но и ние што ги читаме советите треба да бидеме критични и разумни и за се да се консултираме со доктор.
    Не е форумот единствено место кај што може да се прочитаат совети, било каде на интернет може се и сешто да се прочита.

    Имајте убави празници :inlove::sun::hug:
     
    На NNA, Luni, Queen8 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Melek 36

    Melek 36 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    1.045
    Пол:
    Женски
    Дечки, мојата бета денес 15 ден од трансфер е 27.3, многу малку пораснала. Се јавив во Ремедика ми рекоа да продолжам со терапија. Со ваква бета нема многу надеж.
    Здравје во вторник пак ќе проверам
     
    На Sienna_MK му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Желба

    Желба Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    3.995
    Пол:
    Женски
    Дали проверуваше во иста лабораторија како и првиот пат?
     
  14. Melek 36

    Melek 36 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    1.045
    Пол:
    Женски
    Да, во Авицена
     
  15. Желба

    Желба Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    3.995
    Пол:
    Женски
    Јас мислев да не е во различни, бидејќи тогаш може да им разлика во резултатите.
    Малку е порасната бетата, но порасната е и чим ти рекле во Ремедика да продолжиш со терапија, значи има надеж.
    Јас искрено ти посакувам во вторник да биде поголема и да имаш позитивен исход.
    Продолжи со терапија и надевај се најдобро.
    Пуштам среќа :inlove:
     
    На NNA, Alishan30, Thallia и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.715
    Пол:
    Женски
    Така е, не е единствен извор на информации, но факт е дека е премногу посетен и следен од огромен број на членки, а посебно оваа толку специјална и суптилна тема, на која се испишани илјадници страници. А, и општо шо и да побараш на оваа тема, автоматски ти излегуваат најмногу имформации тука. Значи, Фемина е сериозен форум!
    И да, сите сме разумни, далеку од тоа дека не сме, ама повторно стојам до ставот дека треба да се внимава со коментари и препораки!
    Ова најдобронамерно!

    Убави и Богоугодни Велигденски празници на сите Православни! :party::music::f:
     
    На KuklickaMoja, Soncence3, Srekicka3 и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Luni

    Luni Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2018
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    4.334
    Пол:
    Женски
    Баш сакав да пишам но веке 100% мојот коментар ке беше баш ваков па си реков да не коментирам со истите зборови убаво кажано...
     
    На maremaca29, Sienna_MK, eta и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Желба

    Желба Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    3.995
    Пол:
    Женски
    Се сложувам јас со тебе дека треба да се внимава и сме збореле и предходно за тоа.
    Не само за препораки за терапии на пример на своја рака, па макар и витамини, туку имаше и примери на форсирање на одредени доктори и кудење на други.

    Но сепак, јас сум за тоа да се апелира и на критичност и секоја препорака од форум или било каде од интернет да се прифаќа претпазливо и секогаш да се консултира доктор.
    И јас на форумов и во приватни пораки давам совети или споделувам искуства, но кажувам да се праша лекар. И со најдобра намера кога е и кога мислиме дека нема ништо страшно ако се земе на пример некој витамин повеќе, никогаш не знаеме кому го даваме тој совет и каква е неговата здравствена состојба. Можеби тоа што ние мислиме дека е безазлено, за него нема да биде така.

    Значи девојчиња, пред да примените било што што ќе прочитате на форум, советувате се со вашиот матичен гинеколог или најдобро со гинекологот што ќе ви го води ивфто.
     
    На ZvezdicaLea, Meckicja, NNA и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.715
    Пол:
    Женски
    :*
     
    На KuklickaMoja, Soncence3, Srekicka3 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    18.512
    Пол:
    Женски
    има некоја членка што правела ИВФ ПГД - предимплантациска генетска дијагноза?
     
    На eta му/ѝ се допаѓа ова.