Јас денес сум многу многу среќна оти едни пријатели на кои јас им помогнав да го средат спермограмот и го послушаа мојот совет отидоа да направат ивф кај Др трајковски ми се јавија да ми кажат оти после десет години имаат близнаци машко и девојче
Прават ако е потребно и двојно генетско испитување на ембрион т.е скрининг за наследна болест и скрининг за новонастаната аномалија. Најдобро да ги исконтактираш и да ти објаснат што треба кај тебе да се прави зошто за некои наследни болести подолго се чека резултат. Пишав дека и во Скопје во Ултрамедика правеле генетско испитување 1500 еур до 3 ембриони ама не знам колку е стручен тој ембриолог зошто за таа работа треба голема стручност што се стекнува со искуство. За ivf бараат да си таму и на 5 ден се испитува ембрионот а за 3 недели го добиваш резултатот и наредниот циклус е трансферот.
На сајтот на Њуборн пишува дека прават испитување на ембриони. http://www.newborn.mk/mk/testiranje-na-neplodnost/pgd-pgs/ Можеш и кај нив да се јавиш да прашаш, да одиш на една консултација, да видиш што ќе речат.
За џабе ќе си губи време мора да имаш многу ембриони мене ми кажаа над 7 ??? и материјал треба да пратат они во Турција ама што е со транспортот како ќе го пратат во Турција а и кој ќе земе материјал, само како реклама иде тоа.
И мене ме интересира, и јас сум со кариотип 45 хо Мозаик на Танеров синдром Ќе може ли да го пишеш името на клиниката и колку чини инвитро таму со пгд испитувања
Да имаш над 7 ембриони за да ги пратат на испитување? Глупо е ако е така. Мислев тука ги испитуваат. Појма немав, само споделив што прочитав. Ама може да си праша, чисто да има информација. Бидејќи сега скоро читав дека некоја таму останала бремена со генетски испитан ембрион, можеби не е само реклама.
Цената на ivf е 2450 eur, инекциите се таму дупло поефтини, само PGS метод NGS e 250 eur од ембрион што значи дека прават испитување и ако имаш само една бластоциста ама мора да е бластоциста или не прават PGS туку трансфер. Прво што бараат кога ќе отидеш е XСГ кај нив што е дигитално и нема врска со нашето зошто таму се прават неколку кадри а не само еден како што вадат кај нас и е дигитално безболно и е 70 еур ( поефтино од кај нас). Клиниката е Memorial Sisli hospital.
За бр на ембрионите нез ама затоа оти ги праќаат за Турција и мене истото ми го кажаа пред година и пол а едни пријатели пак правеа пгд во Бугарија само заборавив точно во која клиника беше и со првото ивф имаат едно дете и со второто ивф имаат уште едно дете ако сака некоја ќе прашам како се вика клиниката
Христос воскресе! Да ни се радосни велигденските празници! Ова е мојот најсреќен Велигден, на 13ти ден од трансфер ова е мојот позитивен тест... Се уште не можам да поверувам... Голем е Господ, ни ги слушна молитвите, кај сите да се врати оваа среќа што јас ја почувствував. Утре ќе провериме бета преку крв за потврда
Chestitkiii!!! Da si raste vo mesheto na mama i za 8-9meseci da si go zemesh vo race. Srekjni veligdenski praznici!
Христос навистина Воскресе! Aиии која Велигденска радост, честитки мила, лесна и успешна бременост да си имаш! Ја разубави темава на најголемиот празник! *
Ќе ги замрзнат ембрионите кога ќе се бластоцисти и ќе ги транспортираат со посебно фрижидерче во епрувети, ама баш ништо нема да се случи, безбеден е транспортот. Тоа е најмала грижа. Но моментов да се 7 е и повеќе од зезнат, да не кажам глупост, кај многу парови би успеал од 1-2пати, но кај некои... Јас прашував пред некои 3години, ако не се лажам како три ембриони да ми спомнаа, но тогаш беше Бирол, па со него се правеше муабетов, најверојатно измениле поради Х причини.. Секако најдобро полн џеб и у Турција, но за жал не секој може да си дозволи.. @Thallia честитки од срце, догодина да се чукате со јајциња со бебе на Велигден