Навистина воскресе и имај си лесна бременост, подобар велигденски подарок не можеше да имаш , влечи не за носиња ***
Микробиолошки анализи, хив за двајцата партнери, хормонален статус, пап тест, два спермограми најмалку во две различни лаборатории со мин еден месец разлика меѓу нив, хсг, 4 инсеминации, крвна слика со седиментација и гликемија за тебе, 4д ултразвук на матка и јајници.... Мислам дека не пропуштив нешто, но можеш да провериш на страната на ФЗО за најсигурно.
Вистина воскресе! Е ова е најубавото славење на Велигден, нека ти е со среќа, да си истераш здрава и лесна бременост!
@Thallia честитки за двете најубави цртки,ти посакувам школска и успешна бременост @Veki4kaa ти пишала Талија погоре,само во твојот случај мислам дека може да се прескокнат инсеминациите,ако сум грешка нека поправат.Браво за тебе што си ја превземаш работата во свои раце,не оставаш ништо на случајност,а си многу млада.Што поскоро да дочекаш успех за трудот Честит Велигден девојки! Следниот да ви биде највесел на сите
Христос воскресе!!! На сите Ви посакувам сите желби да Ви се исполнат и до следниот велигден на сите да ни се оствари најголемиот сон да станеме мајки
@Thallia душичке честиткииии баш ми е мило што од прва успеа, ти посакувам најлесна бременост. Гали меше и имај најлесни 9 месеци
Честитки, колку убави вести за најубавиот празник,да ти минат месеците во леснотија и само раадости да ти носи Ептен ме израдува,Господ е голем и ги слуша нашите молитви Убавини!!!
Здраво девојки.правев пункција во саботата, извадија 9 ј.к, од кои денес на трети ден три станаа ембриони.Чекав денес да се јават за трансфер, мегутоа ми рекоа ке чекаме петти ден за да се развијат во бластоцити и тогаш ќе направиме трансфер.Е сега јас шизам по дома од страв да не не се развие ниедно ембрионче во бластоцит.Искуства женски, бар утешете ме ))
Мила,мора да мислиш позитивно,знам дека е тешко чекањето ама ако така ти рекле подобро е да се почека до 5-ти ден.Имаш три ембриони и ти ја пуштам среќата сите да се развијат!!!! Каде ќе правиш ин-витро?
Кај Гуржанова и Трајковски бев,на природен циклус,еднаш без ништо,друг пат 5 дена мерионал.Во двата случаи,празни фоликули.Пред тоа ми даде Гуржанова ДХЕА,можда тоа беше причината за празните.А ДХЕА немав проверено резултати ....
Ок мила значи мм пиеше омега 3 6 и 9 комплет со астаксантин од крилово масло витамин е витамин од а до ш на центрум коензим ку 10 л карнитин и јадеше јатки непечени бадеми лешници и ореви посебно индиски ореви они се најдобри за спермограмот и матичен млеч со мед и прополис и полен и ацерола и од 20 посто прогресивни подвижни сперматозоиди дојдовме за шест месеци на 55 посто прогресивно подвижни сперматозоиди
Девојки, од срце ви благодарам за убавите желби и зборови, на сите ви посакувам да ви се врати оваа радост што јас ја почувствував, посебно вчера кога видов висока бета на проверката преку крв... Многу ми значеше поддршката од вас, советите, мислењата кои секојдневно ги споделуваме, болката и маките низ кои минуваме... Само ние кои поминуваме низ ова знаеме колку е тежок овој пат, но само со силна верба и надеж сите ќе успееме и ќе станеме мајки еден ден. Господ ги слуша нашите молитви и секоја наша солза ќе ја претвори во намевка. Ве гушкам сите и од срце ви посакувам две цртки и висока бета во најскоро време
Мила, како што ти кажа и @Sienna_MK само со позитивна мисла и силна верба. Овие денови од пункција до трансфер се најтешки поради чекањето и неизвесноста, но еве ќе го споделам мојот пример можеби ќе ти влее надеж. Мене ми извадија 5 ј.к. од кои само две се оплодија, од нив едната оплодена ја елиминираа поради зголемен број на хромозоми, ми остана само едно ембрионче кое во еден момент заостана со развојот па ми го одложија трансферот и не се знаеше дали ќе продолжи да се развива. Но, фала му на Бога се разви до бластоциста и за две недели јас добив позитивен тест и висока бета. Пробај да се опуштиш, окупирај се со нешто друго, читај, шетај, гледај филм, серија, оди во природа... Не можеш ништо да направиш во овие денови затоа не дозволувај грижите да ти го исполнат денот. Пуштаме среќа и чекаме убави вести