Нареден циклус од втор ден се почнува со супрефакт,значи овој пиеш микрогинон до нареден кога ќе почнеш со супрефакт
Денеска за прв пат го видов моето мало човече како мрда па и многу ни е културно позира со скрстени ножиња А на мајка многу и ослабнал хемоглобинот и железото па од старт е со терапија. Дај боже да се покачи ако не ќе треба плазми со крв да примам
Значи имам еден месец? Јас пак по читањево по форумов сфатив дека едновреме паралелно и микрогинон и суперфакт се примаат
На 2 ден од циклус почнуваш со Микрогинон, кога ќе бидеш при крај со нив, ќе почнеш со Супрефакт, ќе добиеш циклус и после ќе на 2-3 или 4 ден ќе почнеш со стимулации.
А што значи при крај? После 15 дена или 19?? ти например сама одлучи кога ќе почнеш со суперфакт или доктор гледа на ехо и кажува : за два дена почни со суперфакт????
Јас си имам и бета таласемија се имам испробано и го качувам до 100 па дај боже и сега да успеам сега ми дадоа хемовит да пијам па ако не успеам ќе ги земам и тиа
Да, ти беше со таласемијата. Баш ми е жал се надевам дека се ќе биде во ред. Ако не можеш да се снајдеш, можам јас да ти ги купам/пратам.
Многу ти благодарам сега овие да ги испијам па ако имам потреба ќе ти пишам Најважно е што бебуш е во ред другото некако ќе го средиме
Зависи дали си со долг или краток протокол,кога ќе почнеш со микрогинон од втор ден од циклус ги пиеш дури ги потрошиш и од 21 ви ден од тој циклус почнуваш со супрефакт,а од нареден циклус со стимулации тоа треба со докторот да се договориш. Штом ти дал микрогинон ,следно што е? Шема не ти дадоа ?
Не, не ми даде шема...ваучерот го задржаа важно :/ Ние последно во февруари бевме, ми рече да земам фемибион и во јуни кога ќе добијам од втор ден да земам милтогинон...и кога ќе дојдеме во мкд да отидам...и сега околу први јуни ќе добијам, па не знам кога да одам во мкд. Ама мн.сум под стрес и страв ми е оти сум далеку и што и да е, ќе одам после 4-5 дена (откако ќе добијам) :/ се надевам нема да закаснам. Највеќе работи од форумов научив, и само тоа малку ми помага да се смирам.
Тоа што ти го земале ваучерот не мора да е лошо. Од мое искуство, и да закасниш тие ќе го пуштат ваучерот па на сметка на тоа ќе ти направат ин витро она кое нели ти следува од фондот. Во која болница си ако не е тајна ?
Адамс, имам и јас Хемаферфол, грчки, што не ми требаат во моментов. Ако затребаат слободно пиши. Рокот им е до 2021.
Нема да закаснам, тоа сигурно. За таква опција да го пуштаат не сме ни зборувале...Ама тоа е, не сакам да зборувам и ги да анализирам нивните постапки. Минатиот пат кога спомнав нешто за докторот и сестрата ми се нафрлија некои форумџики овде, затоа сега нема да напишам кои се.
Најпрво треба да се смириш, стресот никако не ти помага во овој момент, прави нешто што те релаксира и пробај помалку да мислиш на целата процедура, препушти му ја довербата на докторот за кој си се одлучила и верувај дека ќе биде се во ред. Почни со микрогинон како што сте се договориле, а за супрефактот консултирај го докторот, од кога да почнеш и со која доза кога веќе не ти дал шема, знаеш дека супрефактот се боцкаат во стомакот, не се страшни воопшто само мора да ти покаже некој еднаш ако претходно не си ги примала Со среќа да ви е целата процедура... само опушти се и ќе биде се во ред!
Во ред почитувам. Само не фаќај го ваучерот за зло, не верувам дека постои клиника која на таков начин би те изманипулирала. Смири се, се' ќе биде во ред.
Мила, ќе се договорите со докторот, зависи со каков протокол ќе одите, има многу различни протоколи, нема да утнеш ништо, штом ќе дојдеш во Мк откако ќе почнеш со Микрогинон, таман ќе ти даде насоки за понатаму. Ти посакувам успех! Мисли позитивно и опушти се. Целата постапка сфати си ја како нешто преубаво, започни ја со елан и позитивна енергија!
Po koja cena odat tie vo grcija apcinja prasuvam oti plan mi e da pravam krvna slika ovie denovi i mislam oti pak imam nisko zelezo ili nizok hemoglobin taka mi preporaca gin oti krvarev mnogu po carskiot rez