Честитки мила, имај си лесна и успешна бременост, да се гушкаш со бебуш за 8-9 м. Какви убави вести, бравоо! Воедно Среќен роденден!
И што треба таму да направиш на каменот баш ме заинтересира,дај Боже да успееш.. @maaitka честитки душо,лесна бременост да си имаш
Дечки моето прво ивф е неуспешно плачев што плачев, утре ке се видам со др.па дали имате совет што да прашам?
Баш ми е жал мила, не се разочарувај премногу од ова прво ин-витро,следниот пат можеби докторот нешто друго ќе превземе за да биде успешно Дали примаше нешто плус од стандардна терапија,клексани на пример,дали ендометриумот ти беше добар? Не знам што би те советувала да прашаш,секој си го познава сопствениот организам,ти на што се сомневаш? Те и ти посакувам брзо да ни се вратиш во игра
Многу ми е жал нема зборови за утеха ама наредниот пат сигурно ќе биде успешно со друга терапија ќе биде и ќе вроди со успех. Денес исплачи се а од утре си нови сили во борба за бебе
клексан, кринон гел и аспитин.првите денови делкортин и бускопан.ендометриумот школски, и убави бластоцити вративме.не знам што да кажам.
Не знам што да кажам ,поголемо нервирање е кога нема проблем а сепак е неуспешно.Кога е неуспешно и самите доктори креваат раменици и кажуваат дека процентот е мал за успешност.Дали е тоа некакво оправдување или ние премногу се надеваме,не знам. Ги направивте ли потребните генетски испитувања со мажот,ако не,тоа би требало да ти биде следен чекор.Во секој случај главата горе и види докторот што ќе ти каже
Фала ти сите да дочекаат. Во new born кај доктор Трајковски. Ова ми е 2 со замрзнати со различна терапија од првото инвитро
@maaitka Честитки!!! И јас кај Трајковски ќе правам трансфер со замрзнати летово, и мене второ, дај боже да имам среќа како тебе
@maaitka среќно,убава бременост да си имаш @Fifi84 жал ми е,ете и покрај квалитетните бластоцисти,и се’ наизглед одлично некогаш не успева.Следи што ке каже д-рот,дај си време,и верувај дека следниот обид ке биде вистинскиот Женски,на сите кои сте во постапка ви посакувам високи бети