Не нњ би требало Мерионалот да има такви нус појави. Можно е притисокот да ти е паднат напиј се кисела вода и консултирај се со докторот.
Не такви симптоми не би требало да имаш од мерионалот тие плускавици на јазикот се јавуваат кога имаш намален имунитет напијсе В6,магнезиум ке ти ги опушти мускулите од трпнење а исто и смирува главоболка не се препорачува аналгетик баш да знаеш пиј витамини
Mila kaj nas bese primenata istata metoda.Site dokumenti se isti.Nisto doplnitelno ne plativme i nisto poveke ne ni pobaraa.
Собери си документи за инвитро преку фонд ,а за тоа како ќе оплоди си знаат ембриолозите битно има успешни инвитра како вашата дијагноза. Среќно
Не потпишувате такви документи, ако ве уценува некој со таков документ, не правете ивф таму. Не знам која е потребата од вакво нешто, прво ако ембрионот или фетусот има аномалии, најголем дел ќе се забележат уште при првите проверки и ќе им биде укажано на родителите и сами ќе одлучат дали ќе родат дете со аномалии или не. Ако се постапува правилно, која е потребата од ваков документ? Морате да потпишете согласност за уништување на биолошки материјал, а вакви заштити од тужби кон лекарите или болницата не потпишувајте.
Јас искрено неможев ни да го исчитам цел реферат го потпишавме на денот на пункција а тогаш јас со анастезија а потпишавме над 20 листови и да кажам дека не знам ни што потпишавме само овој документ ни беше даден
претпоставувам дека до сега некоја од Вас била на кломифен терапија со инекција за пукање на фоликул, во петокот ме боцнаа и денес имам страшни болки во јајниците посебно десниот кај што беше водечкиот фоликул , многу ме боли скоро како почетни породилни болки , претпоставувам овулирам денес ама незнам дали смеам да се напијам нешто против болки , ѕвонам на гинекологот не ми крева ..... барем парацетамол нешто слично знаете дали е проблем ако земам ? неможам да седам неможам да лежам па ич да се движам
Mozes slobodno da se naipes i nesto pojako. I jas istoto go osekav koga bev na klomifeni. Mene vi vikaa i ketonal moze
фала ти срцка си , веќе сум раѓала , ама не се сеќавам на ваква болка тапа во животот мој , ќе пијам нешто јако , фала уште еднаш
Вака, на нас ФЗОМ што ни одобрува финансиски средства не ни бара потврда од психолог дали сме способни за родители, Плодност ќе бара. Каква врска има болницата со тоа? Второ, зошто да се обврзувате да одите на прегледи во бременоста кај нив? Немаат право да ве обврзуваат со тоа. Вие правите кај нив ин витро постапка и таа услуга ја барате од нив, не смеат да ве обврзуваат со други услуги понатаму, ваше право е каде ќе одите на прегледи, прегледите се однесуваат на бременоста, не на постапката. Трето, како може да се обврзете уште пред да почне постапката дека нема за ништо да ги тужите, па дури и ако произлезе некаков проблем по нивна грешка? Значи вие треба да се сложите они да немаат никаква одговорност за своите постапки. Јас искрено не би го потпишала ова и нигде до сега не го побарале од мене. Нема што болницата да се заштитува од евентуални тужби, ако работи како што треба и во случај на тужба ќе може да докаже дека е во право. Плус, се знае дека аномалиите се најчесто од хромозомски аномалии, кој тужи за такво нешто?
Сите поскапеа, Ремедика во моментов води па потоа е newborn и на крај е систина. Систина во моментов е најевтина. Полудеа.
Девојки, сакам да ве прашам каде во Скопје најбрзо можам да направам микробиолошки тестови (хламидија, микоплазма и уреоплазма). Претходно правев кај матичната (на приватно ок.3500ден) ама за резултати морав да чекам 5-6 дена. Сега немам сместување во Ск и сакам во еден ден да ми земат брис и другиот резултати (евентуално праќање преку мејл). Можете да препорачате нешто?
Јас ниту вакво нешто , ниту пак друг сличен документ немам потпишано во Плодност . Се потпишав само на лист кога ги земав инекциите . Можеби дека без анестезија ,ама ми нема логика да е до тоа
Мене не ми дадоа ваков документ да потпишам. Освен кога си ги земав инекциите и на денот на пункција дека се согласувам за анестезија вакво чудо не ми дадоа
Мене ми е нешто чудно во сета оваа работа пошто јас и уште една пациентка на ист ден бевме на пункција и сега се слушнав со неа исто и таа потпишала и тоа прочитала од како се вратила дома исто како мене незнам зошто но еве убаво си пишува да знаев дека се овака пишува немаше да потпишам но над 20 листови имаше и рече Снешка само ајде побрзо ова е дека се согласувате да ви се прави инвитро постапка...
Мене докторот ми зема брис и ми ги дава стапчињата и си ги носам каде што сакам. Ако сакам државно, таму носам со упат. Ако сакам во приватна лабораторија, носам во приватна. Од приватните сум носела во Авицена, Синлаб, Амедела и резултатите ми ги праќаат по мејл по два дена. Нека ти земе доктор брисеви и сама однеси си ги во некоја од приватните.