Фала многу <3 најверојатно и јас тогаш така ќе направам. Треба да се брза, да се однесе за час-два, или нема врска? Треба брис од вагина и цервикс - во едно стапче ... вкупно 3 се носат, така?
Мислам четири се и треба да се однесат за околу 45 минути или час, ако се оние како стапчиња за уши, прашај го уште еднаш докторот за сигурно. После тоа време се сушат. Има и во една течност што ги ставаат, во мало шишенце, тие може подолго да седат, но се поскапи, мене ми наплати матичниот само за тоа шишенцето 500 денари за еден брис, бидејќи немаа реагенси на државно и морав повторно да се враќам кај него. Ако одиш негде по државните, прво прашај дали ги имаат сите што ти требаат, да не ти се исуши брисот после па да мора пак кај матичниот по нов.
Здраво девојчиња Колпоскопија и HPV типизација треба да правам,па сакам да прашам колпоскопија кај се прави кај матичниот гинеколог или мора на клиника.И за типизација дали знае некоја која е цената на државно,матичниот ми кажа дека во државна немало во градот од каде сум (државно само во Ск да отидам),а во приватна лабораторија во мојот град ако испитувам само типизација околу 3000денари е.Па ако не е многу разлика во цената да не се малтретирам да идам дури до Скопје.
Бремена си? Јас би го пријавила во Фондот и во Министерство за здравство, ако ништо друго еден допис ќе пратам и убаво се ќе наведедам што и кога се обврзуваат пациентите вакви глупештии да потпишуваат. И покрај сите глупештини кои ги слушнав за Плодност оваа се вбројува во ,,најдобрите,,. Копитари!
Данче со колпоскоп сигурно те гледаа во њу борн. Обичен преглед каде што те гледаат со микроскоп(колпоскоп)што зголемува мислам за 1000пати. Ставаат јод,ако има промени на грлото на матката ја менува бојата. На ГАК секој преглед е со колпоскоп и со типизација чини 450ден. Се чека 3недели за резултат
Во ред фала многу. На приватно ќе носам, на државно редовно немаат реагенси или 2 имаат, 1 не, и дупли работи испаѓаат.
Немам сретнато вакво нешто до сега! Не ми се верува што се’ се случува... Ова го нема никаде на друго место. Не им изреагирал некој, за да се освестат што прават. Работава е, на целата мака на пациентите, они битно да си се заштитени од секој аспект.
Мене во Њу Борн кога сум правела само консултации никогаш ми немаат наплатено. Освен ехо кога ми прават,или некоја друга услуга,крв и слично,само тогаш плакам. Изгледа како ке им текне така прават...страшно