Вака ли треба да пишува на упатот за ХИВ Хепатит Б и Ц ? Може да ми кажете дали се испитува на гладно и од колку до колку саат се испитува? На упатот пишува дека е на ЈЗУ Институт за јавно здравје - микробиолошка лабараторија. Инаку важи 7 дена деновиве треба да појдеме само нз во колку саат да одиме.
Ако не ви е проблем да дадете едно 300 ден повеќе,одете си во Железничар, за двајцата по 300 ден се плаќа (на приватно), резултатите истиот ден. За разлика од Инстутут за јавно здравје каде што додека те боцкаат врват милион луѓе, се е хаотично. Ќе ти речат резултати во четврток, одиш и ги нема. Па петок пак одиш
Ti ja posakuvam celata srekja na ovoj svet. Tase e zakon, nad zakonite . Si ja znae rabotata, zatoa e I drzok. Ne se umilkuva I e direkten, no e odlicen strucnjak, kako toj, taka I celata ekipa .
Не се плаши од ехо и мене така ми зборуваа кога направив ХСГ немав ништо се ми беше во ред,не може никој да ти потврди на ехо дали имаш или не.
Јас сакам да прашам по неуспешно инвитро колку треба да се чека за друго? Знам за преку фондот е 6 месеци...а приватно може ли порано?
Јас досега само поткожно сум боцкала се', но се боцка и мускулно. Ајде со лесно и со успех! @Anexy Прашуваш за трансфер со замрзнати, за класично инвитро или за инвитро на природен циклус? Пишувајте со кирилица.
Оли Прашувам за класично ифв или со природен циклус...до душа ја и не изреагирав којзнае како на терапијава, само 2 јајце клетки извадени. А секој месец природно си имам по еден фоликул убав...
Девојки јас после киретажа добив на 16 но на 18 почнав со микрогинон бидејќи требаше хистероскопија да правам на 21 ги прекинав микрогинонот бидејќи се одложи хистероскопијата и по прекин добив на 23 и сега не знам како да го рачунам циклусот бидејќи осеќам болки како за овулација а на ехо сум Четврток....денес доаѓа 3 ден од циклус ..требаше да ме спрема за пункција и некако не знам што ми се случува...дали има некоја искуство кога обично се случува овулација по добивање со микрогинон
Таман го рачунаш циклусот. Јас, неколку пати имам користено и секогаш по престанокот овулацијата си беше како и вообичаено. А, инаку, не е невообичаено да имаш или порано, или подоцна.
За класично јас лично би почекала барем 3 месеци, сепак малку да одмори организмот од хормони. Еве мене после инвитро потребен ми е одмор и за мозокот, цело тоа мислење, па очекување, па неуспех, а башка што осеќам дека ми треба и за организмот. Не би се подложила побрзо од три месеци на нова тура хормони. Меѓу инвитрата мене ми помина повеќе време, после една година го правев второто бидејќи во меѓувреме имав и трансфер со замрзнати. За на природен може побрзо, мислам дека од наредниот циклус може да се оди, нема нова стимулација. Види, размисли, разговарај со докторот. Знам дека не ти се чека, сакаш побрзо, но еве можеби некое испитување ќе треба да се направи, па ќе помине некој месец. Пишувајте со кирилица.
За хив хепатит б и ц се одлучивме во железничар да одиме. Брисевите ми се чисти, се прерадував да ви кажам солзи ми потекоа од радост, конечно нешто да биде во ред, а не очекував дека ќе бидат чисти, сега на ред е ХСГ - на кој ден се правеше? јас сакам во систина да го правам. или ако има негде поевтино ај препорачајте ми.
Мила,ХСГ јас го правев кај Толовски 4200 ден, на 9 или 11 ден од циклус со седиментација под 10. Со лесно и со среќа, а за поефтино има и на ГАК со упат од матичен гинеколог ама може и да не работи апаратот како што беше случај со мене и морав кај Толовски
Ете, си се редат полека коцките Ќе биде се' во ред ХСГ најевтино е на Клиника, треба да одиш во Амбуланта за асистирана, може да носиш брисеви и седиментација и ќе те закажат. Но за резултат се чека, не даваат веднаш. Најбрзо резултат ќе земеш на приватно. Јас во Систина го правев и кога завршив почекав малку во чекална и ми дадоа снимка и извештај. И кај Толовски би требало брзо да биде готов резултатот, нека каже некоја што била таму. Пишувајте со кирилица.
Многу ми е мило што работите почнаа да се средуваат, посебно што брисевите ти се чисти. Мој совет (што се разбира не мора да го послушаш) е уште еднаш да си ги провериш брисевите пред да правиш хсг. Мене докторите ми препорачаа, бидејки подолго имам проблеми со бактерија, три последователни чисти брисеви, пред да правам било што. Ова го зборам од моето искуство.
@eta ама немам време кога да ги повторам , сега на 1-2 треба да добијам ми трае 6-7 дена после треба одма хсг да правам.